Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот на кој тие се справуваат и се соочуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Петар Младеновски, познат како Пеце, пејач во „Суперхикс“, вели: „Целосна заштита речиси и да не постои. Едноставно се трудиме да им укажеме на непристојноста на содржината, дека тоа што го гледаат не е убаво и не е за деца и веднаш да нè известат“

– Имам пријатели кои не им дозволуваат на децата да се приближат до смартфон или до таблет, а сум ги начекал во школскиот двор како и по два саата поминуваат на таблетот на другарчето. Совршена заштита на децата од интернет не постои. Живееме во доба на дигитален хаос и ние сме тие што треба да ги предупредиме и да ги насочиме нашите деца како да го користат, вели Петар Младеновски, попознат како Пеце од скопскиот бенд „Суперхикс“.
Тој и сопругата Елизабета се родители на деветгодишниот Никола и на петгодишната Маша. Пеце вели дека на децата им дозволуваат да користат таблет, паметен телефон, компјутер, плејстејшн.

 

– Но, во последно време со сопругата Елизабета стануваме построги, па сè почесто се случуваат „казните“ и конфискација на уредите на неодредено време. Особено кај четвртоодделенецот Никола – објаснува тој.

Рестрикции во време на тестови

Тие не им прават специјални ограничувања кога и колку време може да поминат пред некој уред.
– Но, ако заклучиме дека премногу време поминуваат во дигиталниот свет, тогаш пресекуваме. Секако, во периодите на важни тестови, испрашувања или јавен час и приредби имаме поголеми рестрикции – вели Пеце.


Како Никола и Маша се заинтересирале за „мрежата“: ги гледале родителите, роднините или другите деца пред екран или едноставно тоа бил „најлесниот начин“ да се нахрани детето?
– Хаха… веројатно од сè по малку. Но, и да не беше така, ќе се заразеа гледајќи ги своите другарчиња на училиште, улица и слично. Тоа е епидемија од која нема бегање… Едноставно мислам дека само рестрикции или слични мерки можат да бидат продуктивни… Сè друго дава спротивен ефект. Имаме пријатели кои ни „под разно“ не дозволуваат користење мобилен телефон или таблет, а сум им ги начекувал децата на училиште како на таблетот од другарчето поминуваат по цели час-два! – вели тој.

Веднаш нè известуваат кога ќе наидат на несакани содржини

Како реагираат децата кога на интернет ќе наидат на содржини што не се за нивна возраст и како Пеце и Елизабета се справуваат со вакви ситуации?
– Да, тоа се случува колку и да се трудам да бидат максимално заштитени со сите оние рестриктивни програми на користење на содржините за најмалите. Кога ќе наидат на таква содржина, веднаш ни кажуваат, а ние се трудиме максимално да ги насочиме да ги избегнат. Важно е што веднаш нè известуваат за нив – вели Пеце.

 

На прашањето како ги заштитуваат децата од овие појави, тој вели:
– Жал ми е што ова морам да го кажам, но целосна заштита речиси и да не постои. Едноставно се трудиме да им укажеме на непристојноста на содржината, дека тоа што го гледаат не е убаво и не е за деца и веднаш да нè известат. Живееме во доба на дигитален хаос и пласман на сомнителни содржини од интернет. Нашите деца можат да дознаат за што се работи само ако ние им посочиме и ги предупредуваме секој ден за негативните последици од нив – смета Пеце.

Фото: Димитар Лазаревски-Џими

 

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користењето мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  • Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење на мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фејсбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата со неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Android уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!



912

X