Нормално е родителите да сакаат да ја направат детската соба поудобна, но еден растечки тренд е особено опасен за новороденчињата, предупредуваат експертите.
Иако детските креветчиња опкружени со завеси изгледаат убаво на „Инстаграм“, тие претставуваат ризик од давење.
– Сум имала случај со дете чии родители околу креветчето ставиле мрежа против комарци. Бебето успеало да стигне до мрежата и за малку ќе се удавело. За среќа, мајката влегла во собата и го затекнала пред да биде предоцна – вели педијатарот Рут Баркер од Австралија.
Таа истакнува дека 40.000 деца помали од пет години годишно доаѓаат во ургентниот центар поради несреќи што може да се спречат. Најчести причини се падови, изгореници, задушување и давење.
Австралиското здружение за заштита на потрошувачите „Чоис Австралија“ предупредува на уште еден опасен тренд, а тоа се малите ламбички со тенки жици.
Секој родител треба да преземе неколку чекори и да го обезбеди детето.
– Сите поголеми предмети треба да бидат добро прицврстени на ѕидот за да не паднат врз детето.
– Обезбедете ги фиоките со лепенки за децата да не ги отвораат и да се качуваат на нив.
– Заштитници за прозорците се добар начин да ги спречите децата да излезат.
– Во креветчињата не ставајте перници, крзнени мечиња и слични предмети.