За многу деца барањето дозвола од родителите да излезат надвор било незамисливо. Но, за оние со строги родители било нешто неизбежно. Всушност, морале да имаат детален план за да побараат дозвола за сѐ. На кои други работи требало да внимаваат?
1. Ако сакавте да преспиете кај пријател, дозволата вклучувала цела процедура: планирање на говор и објаснување, презентирање на семејството, како и дадени ветувања дека ќе легнете рано и нема да пиете алкохол.
2. Спонтаните средби биле научна фантастика затоа што на вашите родители им било потребно долго време да размислат дали да одите или не.
3. Рано сте ги напуштале забавите.
4. Облеката била голем проблем. Многу нешта биле несоодветни да ги носите, според нив.
5. Пирсови, тетоважи и необични фризури се нешта што не сте ни помислиле да ги пробате.
6. Дури и вашето име е необично.
7. Сте биле исплашени да гледате телевизија со родителите затоа што ликовите може да се бакнат, па тогаш сте се преправале дека правите нешто друго.
8. Многу нормално било да ви се јават додека сте излезени, и секогаш кога ви било потребно време да одговорите, сметале дека правите нешто сомнително.
9. Најважно нешто биле достигнувањата во училиште и на факултет.
10. Често сте ги знаеле одговорите уште пред да ги прашате дури и ако сте го вежбале дијалогот со часови.
11. Да ги барате за дозвола кога се уморни или лути било еднакво на самоубиство.
12. Сте пробале да ги придобиете со „сладок изглед“ или со сожалување пред да ги прашате за нешто големо.
13. Сите лажат, но вие сте морале да лажете повеќе, некогаш родителите, а најчесто пријателите кои не можеле да разберат.
912