Добитничката на Нобелова награда за мир и автор Малала Јусуфзаи еднаш напиша: „Едно дете, еден наставник, една книга, едно пенкало може да го промени светот“.
Во некои делови од светот учениците мора да ги надминат предизвиците за да стигнат до училиштето, во услови на војна, политички немири и сиромаштија, додека други едноставно се качуваат во жолтиот училиштен автобус и безбедно стигнуваат на училиште.
И покрај разликите меѓу тесните училници без електрична енергија и приватните институции со униформи, моќта на учењето може да им помогне на децата низ целиот свет да го достигнат својот целосен потенцијал.
Еве како изгледаат училиштата во 20 различни земји.
Ирак
Фото:
Учениците излегуваат по завршениот час во основното училиште во источен Мосул.
Кина
Наставничка по биологија преку стриминг го споделува нејзиниот курс во училницата, додека студентите ја следат од дома на нивните компјутери, во текот на загаден ден.
Индија
Фото:
Во ова училиште учениците се молат за своите родители при настан наречен Матру-Питру Пуја или восхитување на родителите.
Тунис
Фото:
Во основното училиште „Ал Хаким Ел Касар“ учениците ги прекрстуваат рацете за да покажат дека внимателно го слушаат својот наставник.
Виетнам
Фото:
Ова основно училиште во Ван Чаи во областа Донг Ванг, што се граничи со Кина, нема електрична енергија, ниту книги.
Франција
Фото:
Учениците ја слушаат наставничката на првиот училиштен ден во училиште во Франција.
Јужна Африка
Фото:
Наставникот Региналд Сиквари со учениците од 11. одделение во училиштето „Секано-Нтоане“ во Совето, Јужна Африка.
Малезија
Фото:
Учениците го рецитираат Куранот во училиштето „Мадараш Нурул Иман“ во близина на главниот град на Малезија.
Германија
Фото:
Децата појадуваат во училиште близу Минхен.
Јапонија
Фото:
Учениците од прво одделение и нивната наставничка позираат за фотографија на крајот од училишната година во основното училиште „Такиногава“ во Токио.
Австралија
Фото:
Група ученици на час по хемија во училиште во Сиднеј.
Турција
Фото:
Сириски бегалци во второ одделение го чекаат почетокот на првиот час во основното училиште „Фатих Султан Мехмет“.
Бразил
Фото:
На час по ликовно, учениците цртаат на хартија направена од рециклирани догорчиња.
Шпанија
Фото:
Ученици со нивната наставничка од државното основно училиште „Сан Франциско“.
Англија
Фото:
Ученици во 12. одделение на последниот училиштен ден во училиштето „Хароу“ каде што учеле Винстон Черчил, Лорд Бајрон и Бенедикт Камбербач.
Мароко
Фото:
Наставникот Моулај Исмаел Ламрани со својот клас во основното училиште „Оудаја“ во Рабат.
Украина
Фото:
Наставничката по ликовно Хана Снитко со своите ученици на возраст од 16 и 17 години.
Грузија
Фото:
Наставничката Екатерина Цупурија со учениците од петто одделение во училиште во Тбилиси.
Куба
Фото:
Учениците во Националното училиште за балет во Куба.
САД
Фото:
Наставничката Елизабет Могуел со учениците од седмо одделение во првото и најстарото државно училиште во САД, основано во 1635 година.
912