Дали да се загрижите ако диносаурусите, влекачите и автомобилите се единственото нешто што го интересира вашето дете? Ова се одговорите на науката.

Научни истражувања правени со децении покажале дека детската опсесија со еден конкретен вид играчки во раното детство е одлична работа!

Ако имате дете што го интересираат, на пример, само диносауруси, или само автомобили, или само морски суштества, или што било, исклучиво и неколебливо, не грижете се.

Три независни истражувања покажале дека децата што во раното детство (помеѓу 2 и 6 години) покажувале специфичен интерес за одреден вид играчки, подоцна генерално се поинтелигентни од децата што не покажувале таков интерес.

Студијата на научниците од Универзитетот „Јејл“ покажала и дека таквите опсесии со конкретен вид играчки се значително почести кај момчињата отколку кај девојчињата (иако се јавуваат и кај женските).

„Таквото интензивно интересирање за нешто конкретно е одлично за самодовербата на децата“, вели детскиот психијатар д-р Кели Чен од болницата „Џонс Хопкинс“.

Студија од 2008 година покажала дека таквиот изразен и насочен интерес, конкретно за диносауруси, кој бара одредено ниво на концептуален развој, одлично влијае врз способноста на детето да го задржи вниманието на нешто, како и на упорноста и вештините за трагање по информации во подоцнежната возраст.

Накратко, таа интензивна и конкретна заинтересираност за одреден вид играчки им помага на децата подоцна подобро да учат и да бидат попаметни. И тоа има совршена смисла.

Децата што толку многу се интересираат за нешто секогаш ќе сакаат да дознаат повеќе, да им прочитате уште некоја книга, точно да им објасните, да им покажете колкави им се забите, а колкав мозокот, илјада пати да повторите кој кога јадел и како се викал…

Секогаш ќе имаат стотина прашања на кои ќе сакаат одговор, но одговор кој има смисла.
А таквото дете никогаш, подоцна во животот, нема да учи „само за тест“ или „само за петка“, бидејќи уште во најрано детство имало природен порив да дознае што повеќе.



912

X