Синот на Хајди Џонсон е длабоко навлезен во пубертет, па ѝ кажал дека повеќе не сака да ги слуша нејзините правила, туку сака да биде независен – а таа на тоа одговорила со писмо од видот „мама не е будала“.

Драг Арон,

Бидејќи заборави дека имаш само 13 години и дека јас сум родител, и со оглед на тоа што не сакаш некој да те контролира, се чини дека ти е потребна лекција за независност. Исто така, со оглед на тоа што јасно ми даде до знаење дека сега заработуваш, ќе ти биде полесно да ги откупиш работите што јас ти ги купив. Ако сакаш да купиш светилка или пристап до интернет, ќе мора да си го платиш својот дел од трошоците.

Кирија – 430 долари
Струја – 116 долари
Интернет – 21 долар
Храна – 150 долари

—>

Исто така, ќе мораш да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и во петок, и да чистиш тие денови. Ќе мораш да си ја чистиш бањата секоја недела. Сам ќе си готвиш и чистиш. Ако не го направиш тоа, ќе ти наплатам 30 долари за моите услуги за чистење секој ден. Ако одлучиш дека е подобро повторно да ми бидеш дете наместо цимер, можеме да преговараме за условите.

На „Фејсбук“ таа напиша како реагирал нејзиниот син на писмото.

– Се врати дома, ја виде пораката, ја истутка и истрча од станот. Отсекогаш го поттикнував на прошетка кога е вознемирен за да може да си ги собере мислите за кога ќе се обидеме да разговараме, да можеме да разговараме, а не да викаме еден на друг. Истото го правам и јас – понекогаш морам да заминам и да се соберам.

Уште беше бесен кога се врати дома. Седеше во мојата соба, почна да се смее и да повторува: „Навистина? Што ќе направиш? Не можеш да ми ги земеш работите“ и слично. Го замолив да ја напушти мојата соба, а кога ќе одлучи да разговара со почит, повторно ќе ја продолжиме дискусијата.

Отиде в соба и по еден час донесе предмети што ги заборавив, а за кои сметаше дека треба да ги заработи поради неговото однесување. Се извини и праша што може да направи за да ги поправи работите и да почне пак да ги заработува. Веднаш заработи дел од облеката и својот душек.

Кога ја сподели нејзината објава на „Фејсбук“, оваа мајка заборавила да ја направи приватна, па се појавиле многу коментари и споделувања, вклучувајќи и предупредувања од странците што мислат дека е лош родител. Таа не останала рамнодушна, па напишала на една објава:

– Не се срамам од она што го направив. Нема да го исфрлам моето 13-годишно дете на улица ако не може да плати половина од киријата. Не сакам да плати ништо. Сакам да се гордее со својот дом, својот простор и да ги цени даровите и благословите што ги имаме – напишала таа.



912

X