Летниот распуст, освен за одмор и забава, е период кога децата ги читаат лектирите за следната учебна година. Во таа смисла, веројатно се прашувате дали е можно вашето дете да го засака читањето лектири, а подоцна и читањето книги? Повеќето родители мака мачат со децата и читањето, бидејќи ним читањето лектири им е здодевно, не им се допаѓа книгата или читаат бавно, па не го разбираат текстот, ниту суштината на приказната во лектирата. Веројатно вие, како и секој родител, имате желба вашето дете да го засака читањето, самоиницијативно да земе книга в рака и со задоволство да ја чита. Но, сметате дека тешко ќе се случи тоа? Секако, тоа не е така. Секое дете може да го засака читањето доколку го мотивирате на вистинскиот начин.

Лесно читливи лектири

Децата, како и возрасните, книгите ги перципираат пред сѐ визуелно. Насловната страница на книгата мора да има атрактивна, современа, колоритна илустрација што ќе го привлече вниманието на детето. Вториот проблем што потенцијално може да го одбие детето е несоодветната големина на буквите и проредот. Набиениот текст и малите букви го заморуваат детето и тоа брзо се откажува. Особено битен во создавањето на читачките навики кај децата е и квалитетниот превод. Доколку преводот е лош и изобилува со нејасни зборови, речиси е извесно дека детето ќе ја остави лектирата.

Посочените слабости што со децении наназад се провлекуваа низ лектирните изданија на македонски јазик се надминати со едицијата „Лесно читливи лектири“ на издавачката куќа „Арс Ламина“, која освои прво место на годинашниот Саем на книгата во категоријата „Најдобра едиција“. Станува збор за 40 лектири и лектирни читанки адаптирани за децата со дислексија, со осовременет превод, соодветни фонт и проред, со вклучени речник на помалку познати зборови и активности за на час.

Идеи за мотивација

За да го мотивирате вашето дете да чита лектири обидете се да се вклучите во неговото читање. Доколку се работи за поголема лектира, читајте паралелно со детето за да му помогнетеподоцна со составувањето на приказната. Исто така, заедно можете да ги коментирате книгата, содржината, главните ликови. Ако лектирата е куса, поттикнете го да чита гласно, за да се вклучите во неговото читање и тогаш.
Новите медиуми не се по дефиниција зло за децата и за читањето лектири. Постојат специјализирани страници за лектири и книги со корисни методи и техники како да создадете читачки навики кај вашето дете.

Поттикнете го да пребара интересни факти за животот на авторот или, пак, за местото каде што се случува дејството во лектирата. Нека се обиде да дознае дали постои некаква стрип или филмска адаптација на книгата. Споредете ги и насочете го впечатоците да ги размени со врсниците во рамките на својата група на „Фејсбук“.

Придобивки од читањето лектири

Читањето е важно зашто личностите кои читаат имаат подобар речник, полесно се справуваат со стресот, пофлексибилни се и нивната самодоверба е поголема. На тој начин читањето лектири на одреден начин е еден вид подготовка на децата за иднината. Детето се идентификува со ликовите од книгите, ја развива фантазијата, а со тоа се преиспитува и учи за себе.

Повеќе за едицијата „Лесно читливи лектири“ на „Арс Ламина“ можете да дознаете на следниот ЛИНК.

(комерцијална објава)



912

X