На 19.06.2019 година во просториите на Сеавус Едукативниот Центар се одржа “Graduation Day” на IThink (АјТинк) Академија која трета година по ред обучува повеќе од 90 деца годишно на возраст од 8 до 14 години.
„IThink“ е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија.


На овој настан се доделија дипломите за успешно завршена учебна 2018/19 година, а дополнително беа претставени и завршните проекти на децата од „Advanced“ и „Upper“ програмата. Фасцинантно е да видите како децата создаваат реални прозводи за деца и возрасни. Проектите кои беа претставени се две целосно функционални веб страни за Здружението на деца со аутизам „ААМК“ и „Копче“ проект на Црвен Крст на Северна Македонија за донација и дистрибуција на облека чии претставници беа присутни на овој настан. Дополнително беа претставени и 3D видео игри изработени во Unreal Engine Blueprints.

Претставници на Seavus едукативниот и развоен центар, инаку основачи на оваа академија велат дека настанот на кој беа доделени дипломите е едно прекрасно заокружување на една возбудлива година полна со успеси и незаборавни моменти реализирани благодарение на децата и нивните ментори.

„Вие дадовте придонес во општеството и создадовте вредност. Вие ја направите Ithink многу повеќе од само академија за технологија и дизјан. Сите вие тренери, асистенти и ученици ја исполнивте нашата мисија и смисла за постоење и придонесовте кон тоа уште повеќе да се приближиме кон нашата визија – да станеме образование кое пред се луѓето ќе ги направи луѓе и ќе им помогне во нивното лично истражување и пронаоѓање на себесе“ истакнаа претставниците на „IThink“.


„Изработката на веб страна за Копче е од исклучително значење за унапредување на нашата работа и навремено информирање на нашите купувачи и донатори за новости. Особено задоволство ни претставуваше тоа што учениците од Think Академијата на сопствена иницијатива изразија желба да изработат веб страна за Копче. Уште поголемо е задоволството кога го видовме финалниот производ, каде може да се забележи посветеноста и љубовта со која е изработена веб страната.” изјави Ангелина Ристова Андреевска – одговорен соработник во СП Копче.
На крајот од настанот, претставниците на академијата ги најавија новите уписи за 2019/20 година.



912

X