Како најмалите ја доживуваат љубовта? Што е таа за нив, како изгледа, што ги тера да направат? Неколку дечиња одговараа на прашања за љубовта. Oдговорите, како и секогаш, се бесценети.

Што е љубов?

– Гушкање, бацки, мама и тато. Љубов е мачката Маја што ги чува мачињата бебиња – Аника (4)
– Кога сите се сакаат – Доријан (5)
– Нешто слатко, кога некој те гушка, како Ника, Тамара – Дамјан (4).
– Љубов е кога некого сакаш со срце – Катја (6).
– Љубов е срце – Лена (4).
– Љубов е најсилното чувство на светот – (Иван, 9).
– Љубов се мама и тато, мојата фамилија – Ана (7).

 

Како изгледа љубовта?

– Љубовта е невидлива, но можеш да осетиш кога сакаш некого – Катја (6).
– Не може да се види љубовта – Ана (7).
– Кога сите дома се гушкаме и бацуваме – (Иван, 9).
– Како кога сите се бакнуваат – Доријан (5).
– Црвено срце – Лена (4).
– Љубовта се гледа со затворени очи – Дамјан (4).
– Не знам – Аника (4).

Каде ја чувствуваш љубовта?

– Во срцето, кога ќе видиш девојка – Дамјан (4).
– Во срцето, во душата, на лицето кога ме бацнува мама – Доријан (5).
– Во срцето – Катја (6).
– На образите, кога ме бацнуваат мама и тато – Ана (7).
– Не знам каде – Аника (4).
– Во срцето – Лена (4).
– Во срцето – (Иван, 9).

Што те тера љубовта да направиш?

– За Ива ќе купам кармин во пет бои – Дамјан (4).
– Да се гушкаме, да се бакнуваме, да се сакаме, кога некој ќе ми побара нешто да му дадам, некој мене да ми подари – Доријан (5).
– Да гушкам – Аника (4).
– Да бидам среќен, ме тера да прегрнам некого – (Иван, 9).
– Ме тера да ги сакам мама, тато и дада – Лена (4).
– Да им кажам дека ги сакам – Ана (7).
– Те тера да му направиш честитка на тој што го сакаш – Катја (6).

Дали знаеш некој друг збор за љубов?

– Не ми текнува… многу ме сакаат мама и тато – Доријан (5).
– Сакање, гушкање – Ана (7).
– Срце – Аника (4).
– Сакање – (Иван, 9).
– Друг збор… срце и гушкање – Дамјан (4).
– Гушкање и бакнување – Катја (6).
– Сакање – Лена (4).



912

X