м-р Ивана Урдаревиќ, логопед

м-р Ивана Урдаревиќ, логопед

тел: 078 317-348
е-пошта: ivana_logoped@live.com

Повеќе од авторот

Одвикнувањето претставува процес на потиснување на лошите и усвојување говорни навики кои се засновани на филолошка законитост

Лошата говорна навика е стекнато и со постојано повторување, автоматизирано погрешно говорно однесување. Се смета дека физиолошката основа воопшто е намалениот синаптички отпор во преоѓање на нервните импулси. Синапсата е место на кое доаѓа до меѓусебен контакт помеѓу двата неврона.

Лошите говорни навики се настанати како резултат на формирање патолошки условен рефлекс и одвикнувањето од нив претпоставува гаснење (разусловување, декондиционирање) на тој рефлекс. Во основата на лошите говорни навики лежат погрешни аудитивни – кинестетички и артикуло-моторни енграми. Со нив може да се објасни поголем дел од т.н. функционални говорни нарушувања, како што се извесни дислалии, развојно пелтечење, мутизам, бебешко џагорење, разни маниризми кои го следат говорот (разни додатоци, тикови).

Примери се лоши говорни навики, чести кај нас, се кога децата заменуваат букви, на пример, употребуваат „т“ наместо „ќ“ („те одам“ наместо „ќе одам“), или користат „ј“ наместо„л“ (лав/јав).
Одвикнувањето претставува процес на потиснување на лошите и усвојување говорни навики кои се засновани на филолошка законитост за создавање нови динамички врски во централниот нервен систем, како и врски меѓу него и рецепторните и ефекторните говорни системи (аудитивен, визуелен, кинестетички, моторен). Притоа логопедот ја објаснува смислата на правилното зборување, техниката на правилната говорна функција и примената на говорните вежби.

Кај децата на помала возраст се служи со средства за мотивирање и стимулирање на детето за отфрлање на лошите и сфаќање на добри говорни навики. Говорните вежби опфаќаат – говорни предвежби (совладување на некои елементи на говорните функции) основни говорни вежби, вежби за автоматизација на новите вештини и создавање нови говорни навики. Според тоа, одвикнувањето од лошите и учењето на добрите говорни навики треба да се сфатат како единствен процес, при кој одвикнувањето бара значајно повеќе време, труд и двострано залагање за усвојување и автоматизација на новите вештини.

Колку порано, толку подобро е да се искоригираат лошите говорни навики. Детето навреме треба да се однесе на логопед зашто ако се чека, говорот е веќе автоматизиран и ќе треба подолго време за да се реши оваа состојба.



912

X