Осумгодишната Ксочити Гуадалупе Круз од Мексико е првото дете што освоило награда за својот изум

Малото девојче од Чиапас беше наградено од Институтот за нуклеарна наука на Мексико за извонредното научно достигнување – дизајнирало и изградило уред што користи сончева енергија за греење на водата, користејќи само рециклирани материјали.

Според многумина, овој уред е сосема непотребен. Но, во заедницата на Ксочити, каде што ресурсите се ретки, луѓето немаат доволно пари да си купат грејачи.

– Во мојата заедница луѓето немаат пари да купат грејачи, па затоа сечат дрвја за да добијат огревно дрво и да ја затоплат водата – вели таа.

Нејзиниот уред не само што обезбедува топла вода за семејствата со ниски приходи туку и ги спасува шумите и дрвјата.

Нејзиното семејство ѝ помогнало да го постави уредот на покривот и да го користи за загревање вода за капење. Ксочити вели дека секогаш брзо се бања, па ќе има топла вода и за нејзиниот помал брат.

Ако  Ксочити го направи ова на осум години, можеме само да замислиме што ќе направи во иднина.



912

X