Истражувањата покажуваат дека првородените деца се попаметни од нивните браќа и сестри, а поголема е веројатноста помалите да предизвикаат неволја.
Истражување од Универзитетот во Единбург покажува дека првородените деца имаат повисок коефициент на интелигенција и подобри вештини за размислување од нивните помлади браќа или сестри.
Истражувањето, кое користело податоци собрани од Американското биро за статистика на пазарот на трудот, испитувало речиси 5.000 деца од пред нивното раѓање до нивната 14. година. Ги зело предвид факторите како потекло на семејството и економските услови. Првородените деца постигнале повисок резултат на тестовите, вклучувајќи ги читањето и речник со слики што, според истражувачите, би можело да го одрази ефектот на редоследно раѓање. Ова значи дека децата што се први родени имаат подобар степен на образование и заработуваат повисока плата подоцна.
Во меѓувреме, друго истражување покажува дека второродените деца, особено момчињата, не се мирни и лошо се однесуваат, понекогаш со сериозни последици.
Во извештајот на д-р Џозеф Дојл се користени податоци од илјадници браќа во САД и во Европа и тој открил дека второродените деца имаат од 25 до 40 отсто поголема веројатноста да западнат во сериозна неволја на училиште и/или со законот.
Едно објаснување е дека тоа е така затоа што стилот на родителство често може да се промени поради редоследот на раѓање.
– На првородените деца пример им се родителите, додека на второродените деца пример им се нивните постари браќа и сестри. Родителството е различно кај двете деца, а влијанието на постарите браќа/сестри најверојатно придонесува за овие разлики што ги гледаме на пазарот на трудот и она што го наоѓаме во деликвенцијата. Многу е тешко да се одделат овие две работи бидејќи се случуваат истовремено – вели д-р Дојл.
912