Децата велеле дека е многу очигледно дека некои од нив ги немаат истите работи како другите
На британски наставници им беше кажано да не ги прашуваат децата што правеле во текот на викендот и да не иницираат групни дискусии за активностите на учениците во текот на деновите кога не одат на училиште бидејќи тоа може да предизвика непријатност кај децата што не се толку богати. Зад иницијативата стои организацијата „Деца од североистокот“, а Лук Брамхол, кој го води проектот, вели дека наставниците мора внимателно да избираат за што ќе разговараат со децата и да се осигурат дека учениците нема да се почувствуваат исклучени.
Photo credit: flickingerbrad on Visual hunt / CC BY
Лажат за да се вклопат
-Учениците ни кажаа дека во некои училишта имаат дискусии по одморите или по Божиќ на ниво на клас. Учениците треба да кажат што добиле за Божиќ. Тие лажат затоа што сакаат да се вклопат или затоа што не добиле исто како другите. Некогаш, во понеделниците кога разговараат за тоа каде биле и што правеле за викенд, учениците велат дека тоа е тешко и непријатно – вели Брамхол.
Иако ова се „важни дискусии“, важно е наставникот да одбере соодветни зборови за децата од посиромашни фамилии да не се чувствуваат изоставени, додава тој.
Експерти од Универзитетот од Њукасл истакнуваат дека работата на организацијата во училиштата ги подобрува вниманието, достигнувањата и консумирањето на бесплатните оброци.
Сфатиле зошто е добро
Една раководителка дури забранила фенси торбички за пенкала откако била посоветувана од организацијата. Паулин Џонстон, раководителка на основно училиште во Нортамберланд, воведе стандарден ранец во обид да им го олесни животот на децата што се во незгодна позиција.
– Како училиште мислевме дека тоа е во ред, имаше еднаквост и децата не чувствуваа дека се во незгодна позиција – вели Џонстон.
Децата велеле дека е многу очигледно дека некои од нив ги немаат истите работи како другите. Училиштето донело одлука да ги забрани дизајнерските торбички за пенкала, од кои некои чинат и над десет фунти, а вовеле и стандарден ранец. Џонстон вели дека имало првична вознемиреност кај родителите поради забраната за торбичките за пенкала, но мнозинството сфатиле зошто се прави сето тоа.
912