Блогот Logos učiteljica одговара на прашање на родител за тоа како да го охрабри своето дете да учи предмет што не го сака, на пр., историја.

– На сите ни е познато дека децата, па и возрасните, некои предмети ги сакаат повеќе од другите. Не ни оди на сите добро математика или географија, но, секако, за сите мораме да пронајдеме начин и да ги засакаме за да ги постигнеме саканите резултати.
За да ги постигнеме посакуваните резултати, мораме да имаме одреден степен на мотивација.
Важно е на детето да му објасните дека историјата за него е од голема важност, односно да му дадете конкретни примери од кои ќе може да согледа зошто е важна. Тоа можат да бидат примери од секојдневниот живот (на пример, вчера не напишал домашна и добил минус, тоа се случило во минатото, а денес, поучен од тоа искуство, пишува домашна за да не се повтори „историјата“).

За да ја разбудите мотивацијата, исто така важно е да си поставите цели кои сакате да ги постигнете, како запишување во посакуваното средно училиште во кое условите се добри оценки или подобрување на просекот со учествување на натпревари или слично. За детето да може постојано да биде мотивирано, важно е, освен разговорот со него за наведените примери, да се опкружи со мотивациони пораки.

Мотивационите пораки нема сами да ја решат ситуацијата, но сигурно начинот на размислување на вашето дете ќе го насочат во позитивна насока, а ако позитивно мислиме, позитивно ќе се чувствуваме, што ни дава храброст за остварување на зададените цели.
Може да употребите неколку мотивациони пораки за изучување на историјата:

Не се водат војни само во историјата, јас водам војна против неа и ќе ја победам! Најголемата моќ е знаењето, а најостро оружје умот!

Доколку вашето дете има омилен лик од цртаните филмови, од игрите или од филмовите или уште подобро има личност од реалниот живот со која е поврзано или му се восхитува, можете да му го насочите вниманието кон квалитетите и карактеристиките на таа личност. Прашајте го дали има идол и какви особини има неговиот идол, за да ги применува истите и да стане како неговиот идол.

А за остварување на целите и постигнување одредени резултати, понекогаш е добро детето да го наградите со мотивациони награди. Не мора да биде нешто материјално, тоа може да биде ваш договор, ако направи одредена задача, може со пријателите да оди на игралиште или на кино и слично.

Секое дете е различно и бара поинаков пристап, она што ќе му помогне на едно, не значи дека ќе му помогне и на друго. Испробајте некои од нашите совети, разбудете ја мотивацијата кај вашето дете и веруваме дека ќе имате добри резултати.



912

X