Понуден им е многу голем избор бидејќи родителите мислат дека со тоа го прават најдоброто за своето дете

Родители, дозволата на своето дете да помине огромно време на електронските медиуми (мобилни, компјутер, ТВ) поттикнува и храни непочитување од нив, чувства за права на предмети, права за моментално задоволување и наградување и нетрпеливост. Во вакви случаи децата очекуваат да имаат сè што општеството им го нуди како избор, односно сè што го имаат нивните врсници. Дали големиот избор задолжително секогаш води кон нешто што е добро?

Многу малку време, квалитетно поминато со родителите, многу малку време поминато во природата (заборавени се придобивките од природата која го храни мозокот), отвора врати за огромното влијание на пребрзата индустријализација од општеството

Мал процент од родителите во Македонија знаат дека големиот избор не носи секогаш добро. Од психолошка гледна точка, јасно е дека колку е поголем изборот – толку помала креативност, односно желба кај децата за истражување. Со тоа се случува и нехранење на онаа природна интелигенција што треба да се развие. Нашите деца контролирано се „развиваат“ во една вештачка насока која ја нуди технолошкиот брз развој на општеството.
Но, сепак, од каде толку незадоволство кај нив кога се наоѓаме пред толку голем избор на можности? Колку и да е привлечен овој избор (избор на нови брзи мобилни и секаква облека), тој е меч со две сечила. А нашите деца ги чувствуваат двете сечила. Затоа кај нашите деца имаме сè поголемо незадоволство и развивање на агресија во голема мера.

Парите им даваат моќ

Влијанието на парите во денешно време во значителна мера им дава моќ ѝ на нашите деца, со што таа моќ им дава слобода да избираат и да одлучуваат за многу нешта, што порано не било така. Она што денес се смета за добро родителство е родителство на давање сè на своите деца, а како последица на тоа децата имаат потрошувачки ставови. Овој став на поседување работи повеќе од потребно им укажува на децата дека тие имаат право на поседување на сите тие предмети што се нови, и кога нема да добијат нешто што сметаат дека имаат право на тоа, им го загорчуваат животот и на родителите и на сите околу. Тешко е да се пренасочат вредностите на детето по 10-тата година (ако на тоа не се работело интензивно во првите 5 години), и уште потешко е да се пренасочи детето од сите општествено прифатени вредности денес што ги преплавија мозоците на нашите деца.

Што се крие зад потребата за сè повеќе купување?

Но, овие вресоци од нашите деца за повеќе предмети, повеќе од можно е да се вресоци за потреба на нешто спротивно од тоа. Бидејќи, сепак, потребно им е да го вклучат мозокот, својата креативност, гладни се за знаење и правење повеќе работи, затоа, повеќе од потребно е ние како родители да се вклучиме и да им ја надополниме таа потреба од знаења кои ќе ја поттикнат нивната креативност, ќе имаат што да прават и тоа ќе биде продуктивно. За да не ја надополнуваат и бараат таа потреба во мобилните телефони, во скапите облеки, ние ќе им го надополниме со доволно креативни, едукативни игри уште од најмали нозе, и заедно со тоа ќе ги научиме на вредности кои нема да дозволат кај децата потреба од нешто материјално. Денес нивните барања и желби се површни бидејќи не знаат за други.

Родителите мислат дека го прават најдоброто, но…

Понуден им е многу голем избор бидејќи родителите мислат дека со тоа го прават најдоброто за своето дете. Но многу големиот избор ги уназадува зашто не му се дава можност во тој случај на детето само да се стимулира, да биде креативно.
Многу малку време, квалитетно поминато со родителите, многу малку време поминато во природата (заборавени се придобивките од природата која го храни мозокот), отвора врати за огромното влијание на пребрзата индустријализација од општеството. Затоа борбата станува сè поголема во однос на прашањето:„Како да му објаснам на моето дете дека не можам и не треба да му го купам скапиот телефон или скапата облека што ја имаат неговите врсници?“

Првите 5 се најважни на свет

Некогаш е доцна да се влијае бидејќи поминатите години на туѓо влијание си го направиле своето, некогаш и општествените промени околу детето биле толку силни што родителите се немоќни да им се спротивстават на нив и своето дете со нив, некогаш и борбата за да му се влијае најпрво на ставот и мислењето на детето дека нема потреба од нив станува неподнослива. Но затоа постои една вистина која вели: „Првите 5 се најважни на свет“, која сакам да ја упатам кон сите родители што треба да обрнат внимание на воспитувањето на своите деца на вредносни системи едноставни и неиндустријализирани во првите 5 години за да не се доведат до состојба кога ќе сфатат дека моќта на модерното им го испрала или исушила мозокот на нивните деца. Нека поминат квалитетно време со своите деца за да не врескаат децата за нивното внимание цел живот и да се борат секогаш со себе поради ниската самодоверба.
Нека се смеат со нив и нека бидат деца, играта нека биде присутна во секој домен од нивното функционирање за да ги усвојат сите вредности на полесен начин, а со тоа да ја поттикнат својата креативност и да ја хранат својата природна интелигенција. Тогаш никој не ќе мора да се бори ни со другите ни со себеси, ни родителите а ни децата, бидејќи децата во овој случај се најголемите жртви на модернизмот.



912

X