Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својата фан-страница на „Фејсбук“ објави фотографија од вакцинирањето на својата внука.
– Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата „Млин Балкан“ ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести – напиша Филипче.
Бебето примило вакцина од редовниот календар за имунизација.
912