Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги информирало градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата на 2 јануари ќе се организира во еден од објектите на установите, велат оттаму. Тоа значи дека ако градинката има повеќе клонови, родителите треба да добијат информација кој ќе работи, за ако нема кој да им ги чува децата, да ги однесат таму.
– Градинките треба благовремено да ги известат родителите во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата – велат од министерството.
Владата на Република Македонија пред неколку дена го определи за неработен ден 2 јануари, за вработените во државните институции. За него дополнително ќе се одреди кога тој ден ќе биде одработен. Истовремено Владата препорача овој заклучок да важи и за приватниот сектор.

– Со оглед на тоа дека 2 јануари 2019 година е можно да биде работен ден за приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата – велат од министерството.
Н.Б.З.



912

X