Врзувањето врвки е една од оние развојни пресвртници кои бараат трпение, координација и добро развиена фина моторика кај децата. За многу родители и дечиња, овој процес понекогаш знае да донесе фрустрации и нервози пред излегување од дома.
Сепак, со вистинскиот пристап, оваа вештина може да се совлада лесно и преку игра.
Погледнете го видеото
Наместо комплицирани инструкции кои ги збунуваат малите рачиња, во видеото подолу ви прикажуваме исклучително едноставен и забавен метод. Со оваа техника децата брзо го сфаќаат движењето и добиваат самодоверба сами да си ги врзат врвките на патиките.