Воспитување

Дури кога ќе станете родител, пред очи ви излегуваат сите маани на вашиот карактер

„Можеби би се родило веќе воспитано дете кога и родителите би биле воспитани“ – Гете.

Луѓето почнуваат да се (пре)воспитуваат во оној момент кога ќе станат родители. Понекогаш.

Колку ни е повредна некоја личност или цел во животот, толку повеќе се трудиме за неа. Родителството е голема привилегија и животна лекција за секој што ќе се оствари во него. Може да се повлече паралела со одење по жица – лесно може да се направи погрешен чекор, а одржувањето на рамнотежата е клучно.

Кога ги набљудувате другите, сè изгледа лесно и едноставно, но кога вие треба да го направите истото, работите се поинакви. Дури кога ќе станете родител, пред очи ви излегуваат сите маани на вашиот карактер.

Децата учат преку имитирање

Сè до моментот кога ќе станете родители, не се гледате себеси од тој посебен агол, аголот на сопственото дете.

Децата работат по принцип на имитација. Она што го гледаат, тоа го прават. Немаат доволно животно искуство за да знаат дали работите што ги прават се добри или лоши. А тогаш наидуваме ние, родителите, и гледаме сцена што воопшто не ни се допаѓа.

Токму затоа родителството некого целосно го променило, некому му отворило нови видици, а на некој му донело постојана борба и исцрпеност.

  • Оние посвесните веднаш забележуваат каде е проблемот и започнуваат да се превоспитуваат себеси, а не детето.
  • Оние другите се жалат зошто не добиле веќе воспитано дете по раѓањето, па сега мора да се мачат.

Погледнете се во огледало

Не постои родител на овој свет кој не се препознал себеси во своето дете, во начинот на кој држи лажица, седи, спие, зборува или оди.

Ако вашето дете прави работи на начин што не ви се допаѓа, прво погледнете се во огледало. Кога секој родител ќе биде воспитан, тогаш и секое дете ќе биде воспитано.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top