Воспитување

Прашања што треба да му ги поставите на вашето дете

Разговорите меѓу родителот и детето се особено важни во одржувањето квалитетен меѓусебен однос кој го учи детето подобро да комуницира со себе, но и со другите околу него. Разговорот со едно дете подразбира повеќе слушање, а помалку објаснување. Еве еден предизвик за вас кој јас го практикувам на моите родителски советувања. На еден лист хартија запишете ги прашањата што најчесто му ги поставувате на вашето дете и обидете се да се ставите во улога на дете и вие да ги одговорите. Како се чувствувате, што си помисливте додека ги одговаравте прашањата. Добивте ли значителни или оскудни одговори. Ова може да ве води кон увид во начинот на кој се обидувате да го видите разговорот со вашето дете.

Подолу ќе презентирам низа прашања кои поттикнуваат квалитетен разговор родител и дете.

За што најмногу размислуваш?

Што прави да се чувствуваш сакан/а?

Што најмногу те загрижува?

Што најмногу сакаш во нашето семејство?

Што би сакал/а подобро да разбереш кај луѓето или кај светот?

Како можам да бидам подобар родител за тебе?

Кога се чувствуваш безбедно и заштитено?

Што го прави твојот ден навистина убав и исполнет?

Што би сакал/а возрасните подобро да разбираат?

Кога најмногу се чувствуваш како вистинскиот/ката ти?

Автор: м-р р психолог Христина Стефановска

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top