Кога размислуваме за германското образование, првата асоцијација е ред, дисциплина и прецизност. Но, зад таа рамка се крие систем исполнет со интересни традиции, поголема слобода за учениците, но и специфични предизвици. Дознајте како изгледа еден типичен училиштен ден во Германија и кои се најинтересните работи што го прават овој систем различен.
1. „Schultüte“ – сладок почеток за секое прваче
Првиот училиштен ден во Германија е вистински семеен празник. На својот прв ден првачињата носат конус. Тоа е голем корнет изработен дома или купен од продавница, кој родителите го полнат со прибор, слатки, мали играчки и изненадувања. Оваа традиција постои уште од 19 век и има цел да им го направи преминот во училишниот свет радосен и незаборавен.
2. Пократок училиштен ден и слободни викенди
За разлика од многу земји каде што децата минуваат цел ден во настава, во Германија традиционалниот училиштен ден трае од 8:00 до околу 13:00 часот (иако сè повеќе се воведува и целодневна настава).
Интересно е што учениците не носат униформи, а наставниците имаат ограничувања кога станува збор за давање домашни задачи за викендите, викендот е резервиран исклучиво за семејството и одморот.
3. Оценување: 1 е најдобра, 6 е најлоша оценка
Германскиот систем на оценување е целосно различен од нашиот:
- 1 (Одлично) – Највисока и најдобра оценка.
- 6 (Недоволно) – Најлоша оценка.
Доколку ученикот добие оценка 5 или 6 по повеќе од два предмети, мора да ја повторува целата учебна година. Во последните години од средното образование преминува во бодовен систем од 0 до 15.
4. Насочување уште од 10-годишна возраст
По завршувањето на 4. одделение (на околу 10 години), учениците и родителите, со препорака од наставниците, избираат во кој тип на средно училиште ќе го продолжат образованието:
- Hauptschule: За ученици што сакаат практични и занаетчиски професии.
- Realschule: За оние што се насочуваат кон технички, административни или стручни дејности.
- Gymnasium: Академска патека која трае до 12. или 13. одделение и завршува со матура, што е главен предуслов за упис на факултет.
5. „Abi“ – бурни и забавни матурски традиции
Завршувањето на гимназијата се слави со многу специфични обичаи:
- Abi-Scherz: Ден кога матурантите со забавни шеги и карикатури „го преземаат“ училиштето.
- Abi-Fahrt: Заедничко патување за сите матуранти по завршувањето на испитите.
6. Домашното образование е забрането
Во Германија не е дозволено учење од дома. Според законот, секое дете има право на образование, но и на социјализација со своите врсници. Државата смета дека училиштето е важна институција каде што децата учат како да функционираат во општеството.