Здравје

Најдобрата храна за развој на детскиот мозок, според експерт од „Харвард“

Исхраната во раните години од животот ја поставува основата за здрав развој на мозокот, подобро паметење, фокус и добро расположение кај децата. Според д-р Ума Најду, нутриционистички психијатар и професорка на Медицинскиот факултет при „Харвард“, овие важни хранливи материи и намирници треба редовно да бидат застапени во детското мени:

Важни хранливи материи за развој на детскиот мозок:

  • Омега-3 масни киселини: Директно влијаат врз развојот на мозочните клетки и расположението.
  • Витамини Б12 и Д: Важни за нервниот систем и когнитивните функции.
  • Железо и фолати: Потребни за правилен развој на умот, за концентрација и енергија.

Која храна го поттикнува развојот на мозокот?

  1. Лосос и семиња (ленено, коноп, ореви): Најдобар извор на омега-3 масни киселини.
  2. Зелен зеленчук (спанаќ, кељ): Богати со фолати и влакна кои го штитат мозокот.
  3. Мешунки (леблебија, црн грав, леќа, грашок): Одличен извор на железо, протеини и цинк (одлични за подготовка на домашен хумус).
  4. Јајца и сушени печурки: Водечки извори на витамин Д и холин, кој го подобрува долгорочното памтење.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top