Совети

Д-р Ерика Комисар: Без тренинг за спиење во првата година!

Кога станува збор за тренингот за спиење кај бебињата, психоаналитичарот и експерт за родителство д-р Ерика Комисар е сосема децидна и категорична, нејзиниот одговор е јасен и не остава простор за дискусија: тренинг за спиење во првата година НЕ смее да се практикува.

Според д-р Комисар, ваквите методи се штетни за емоционалниот развој и за нервниот систем на бебето, а еве ги клучните причини за нејзиниот јасен став:

  • Ноќното будење е развојно нормално: Во првата година од животот будењето во текот на ноќта е природна потреба на бебето, а не лоша навика што треба да се искорени.
  • Причините се подлабоки од гладот: Бебињата не се будат само за храна, туку за емоционална сигурност, утеха, регулација и чувство на сигурност.
  • Бебето не може да се разгали: Одговорот на плачот во текот на ноќта е основна родителска грижа. Со реагирањето на неговите потреби, вие градите базична доверба, а не разгалено дете.
  • Интензивен развој на мозокот: Во првите 12 месеци мозокот на бебето е во огромен развој и тоа сè уште ја нема развиено способноста за самостојно смирување. Родителот е потребен за да го регулира неговиот стрес.

За д-р Комисар, нема компромис: во првата година од животот, емоционалната достапност и брзото реагирање на потребите на бебето мора да бидат на прво место.

Поврзани написи

To top