Отворениот дијалог помеѓу родителите и децата е од огромно значење за нивното емоционално здравје, особено кога навлегуваат во тинејџерските години. Истражувањата покажуваат дека младите што чувствуваат дека можат отворено да разговараат со своите родители за сè, имаат подобро ментално здравје и полесно се справуваат со секојдневните предизвици.
Детскиот психијатар д-р Вилоу Џенкинс открива еден специфичен разговор што му го препорачува на секој родител во текот на првата или втората недела од почетокот на учебната година.
Заборавите ги строгите очекувања и логистиката
Наместо да го започнете септември со долг список на очекувања, правила, распореди и логистички детали, д-р Џенкинс советува да го промените пристапот. Притисокот околу оценките и обврските може да предизвика детето да се затвори и целосно да ја прекине комуникацијата.
Целта е да поставите две едноставни, но исклучително моќни прашања:
- „На кое едно нешто навистина му се радуваш оваа учебна година?“
- „Дали постои нешто што би ти ја олеснило оваа година, а во кое јас би можел да ти помогнам?“
Зошто се важни овие прашања?
Овој разговор не е класична проверка на статусот, ниту пак мотивациски говор. Со овие прашања му испраќате јасна порака на детето дека ги следите неговите чувства, а не само неговиот школски успех.
Со тоа што нема да вршите притисок и нема да поставувате премногу со прашања, ја оставате вратата отворена за доверба уште од самиот почеток на годината. Детето ќе знае дека во вас има сојузник на кого може да се потпре кога ќе наиде на предизвик.