Совети

10 важни реченици што секое дете треба да ги научи пред да тргне во градинка

Тргнувањето во градинка претставува голем чекор за секое дете, а една од најважните подготовки е јасната комуникација. Кога децата знаат со зборови да ги изразат своите потреби, емоции и граници, адаптацијата во новата средина е значително полесна и помалку стресна.

Еве ги 10. едноставни фрази што секој родител треба да ги вежба со своето дете:

  1. „Можеш ли да ми помогнеш?“
  2. „Може ли јас да бидам на ред кога ќе завршиш?“
  3. „Ми треба одмор.“
  4. „Не разбирам.“
  5. „Може ли да си играм со вас?“
  6. „Лут сум.“
  7. „Те молам престани, не ми се допаѓа тоа.“
  8. „Можеш ли уште еднаш да ми покажеш?“
  9. „Ми треба малку простор.“
  10. „Треба да одам во тоалет.“

Поврзани написи

To top