Совети

Кога е вистинското време да го пуштите детето само на море?

Првото самостојно заминување на детето на море е едно од најстресните искуства за секој родител, додека за тинејџерот тоа е незаборавен чекор кон осамостојувањето. Оваа одлука природно го отвора прашањето кога е вистинското време за тоа?

Кога детето е подготвено за првото самостојно летување?

Сè зависи од зрелоста на детето, меѓусебната доверба, но и од самиот концепт на патувањето, дали оди кај роднини, со пријатели и нивните родители или со друштво во апартман.

Статистиката покажува дека:

  • Децата по 14. година веќе изразуваат силна желба да одат сами на море.
  • Родителите најчесто попуштаат кога детето ќе наполни 16 години.

Иако ова е стресно за родителите, станува збор за исклучително важен чекор што го учи тинејџерот на самостојност, одговорност, грижа за себе и градење подобри односи со врсниците.

Клучни чекори во подготовката:

1. Отворен разговор пред тргнување

Разговарајте со тинејџерот како со возрасна личност. Кажете ги вашите грижи и поминете низ сценарија за потенцијални ризици:

  • Што доколку некој од друштвото испие премногу или се повреди?
  • Што ако се одвои од групата и мора сам да се врати во сместувањето?
  • Заштита и безбедност: Важно е отворено да разговарате за алкохолот и за заштитата при евентуални сексуални односи бидејќи реално е тинејџерите да истражуваат на одмор.

Имајте ги контактите од сите пријатели со кои патува, како и точната адреса и телефон од сместувањето.

2. Финансии и пакување

Освен облека, козметика, заштитни кремови и лекови:

  • Не чувајте ги сите пари на едно место, дел нека бидат во куферот, а дел во ранецот.
  • Обезбедете им платежна картичка на која во секој момент можете да префрлите пари за итни случаи.
  • Спакувајте и сува храна и ужина за патот и првите денови.

3. Јасни правила за јавување

Направете цврст договор кој мора да се почитува:

  • Детето мора редовно да се јавува во договореното време.
  • За каков било проблем, веднаш мора да ве контактира.
  • Да внимава на трошоците и сметката за телефон.

Посакајте му среќен пат и убав помин и издржете ги тие неколку дена со доверба во одгледувањето и во вредностите на кои сте го научиле!

Извор

Поврзани написи

To top