Образование

Нов список на лектири за основно образование од учебната 2026/2027 година

Новиот список на лектири за деветгодишно основно образование ќе почне да се реализира од учебната 2026/2027 година. Овој список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори, со цел следење на современите стандарди, збогатување на вокабуларот и развивање навики за читање кај учениците. 

Во продолжение е преглед на задолжителните и изборните лектири за настава на македонски јазик, од второ до деветто одделение.


II одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Зоки Поки“ – Оливера Николова
  • „Грдото пајче“ – Х. К. Андерсен
  • „Сказни“ – Браќата Грим

Изборни:

  • „Тајни незнајни“ – Киро Донев
  • „Нела Смела и бушавата бура“ – Билјана С. Црвенковска
  • „Потрага по храброст“ – Билјана Стојановска
  • „Бакнежи на небото“ – Иван Антоновски
  • „Касни-порасни“ – Петре М. Андреевски
  • „Песни“ – Васил Куновски
  • „Брзалки без врзалки“ – Стојан Тарапуза

III одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Басни“ – Езоп
  • „Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
  • „Орхан“ – Неџати Зекирија

Изборни:

  • „Кифличката Мирна“ – Оливера Ќорверзироска
  • „Децата од моето училиште“ – Јадранка Клисарова
  • „Доктор Офболи“ – Корнеј Чуковски
  • „Легенда за Марфи Компирката“ – Овен Колфер
  • „Сакам книга“ – Александар Кујунџиски
  • „Нешто друго“ – Кетрин Кејв
  • „Било и се скрило“ – Киро Донев
  • „Леле, ми се скрши срцето“ – Елиф Јемениџи
  • „Тино од мојот влез“ – Жарко Кујунџиски
  • „Бел“ – Ника Гавровска
  • „Насмеани капки“ – Стојан Тарапуза
  • „Ова е твое“ – Сане Те Лоу
  • „Исидора Мун: Оди на училиште“ – Хариет Мункастер

IV одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Бајки од Македонија“ – Билјана Црвенковска
  • „Безборовната Ела“ – Викторија Патрашку
  • „Волшебникот од Оз“ – Лиман Франк Баум

Изборни:

  • „Сказна за детето Вилен“ – Глигор Поповски
  • „Белата мечка, синиот кит и другите“ – Цане Андреевски
  • „Од згода до згода, заграб бистра вода“ – Васил Мукаетов
  • „Училиштен театар“ – Киро Донев
  • „Борко Брзозборко“ – Ксенија Маказлиева Трајчева
  • „Бајка за царот Нај“ – Снежана Иљоска Наумовска
  • „Овде во близина живее едно девојче“ – Ида Млакар Црнич
  • „Големата фабрика за зборови“ – Ањес де Лестрад
  • „Итар Пејо“ – Стале Попов
  • „Петар Пан“ – Џејмс Метју Бари
  • „Природо, љубов моја“ (еколошка читанка) – Александар Кујунџиски
  • „Шила“ – Јана Мишо
  • „Рокчето“ – Никола Маџиров
  • „Капетанот Торнадо“ – Миливој Матошец
  • „Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
  • „Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева

V одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Пајажината на Клементина“ – Елвин Брукс Вајт
  • „Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен
  • „За копчето и за среќата“ – Јасмина Петровиќ

Изборни:

  • „Пинокио“ – Карло Колоди
  • „Убави зборови“ (избор поезија) – Иван Џепароски
  • „Гоце Делчев“ – Ванчо Николески
  • „Шах со Бах“ – Владимир Мартиновски
  • „Мери Попинс“ – П. Л. Траверс
  • „Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол
  • „Хотел за кучиња“ – Луиз Данкан
  • „Тори и принцот змија“ – К.В. Јохансен
  • „Златното јаболко“ – Христо Петрески
  • „Самовилското коњче“ – Душко Наневски
  • „Епски народни песни“ (избор) – Томе Саздов
  • „Дневникот од штрковото гнездо“ – Киро Донев
  • „Приказни големи колку дланка“ (избор) – Џанг Ќиушенг
  • „Џејмс и џиновската праска“ – Роалд Дал
  • „Измислување на светот“ – Јадранка Владова
  • „Мишка“ – Едвард ван де Вендел
  • „Дворец на опачини“ – Ристо Давчевски
  • „Малата голема точка“ – Цане Андреевски
  • „Стапка по стапка од Дојран до Попова Шапка“ – Васил Мукаетов
  • „Мојата бабичка не знае која сум“ – Ива Безиновиќ-Хејдон
  • „Насмевката на Мона Глувчева“ – Џеронимо Стилтон
  • „Авантурите на вујко Лео низ романските степи“ – Џанетс Леви

VI одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Големи и мали“ – Бошко Смаќоски
  • „Робинзон Крусо“ – Даниел Дефо
  • „Матилда“ – Роалд Дал

Изборни:

  • „Бескрајна приказна“ – Михаил Енде
  • „Хајди“ – Јохана Шпири
  • „Мојот пријател А“ – Јадранка Владова
  • „Втората смена“ – Велко Неделковски
  • „Белото Циганче“ – Видое Подгорец
  • „Уличето со обетки од цреши“ – Михо Атанасовски
  • „Бамбино“ – Ника Гавровска
  • „Куферко – светскиот патник од Македонија“ – Симона Ристевска
  • „Двојната Лота“ – Ерих Кестнер
  • „Децата од Павловата улица“ – Ференц Молнар
  • „Сештологија“ – Ванчо Полазаревски
  • „Кралот на Златната река“ – Џон Раскин
  • „Божиќна песна во проза“ – Чарлс Дикенс
  • „Црни и жолти“ – Славко Јаневски
  • „Приказни за добра ноќ“ – Киро Донев
  • „Народни приказни на балканските народи“ (избор) – Томе Саздов
  • „Земјата на заборавените сказни“ – Билјана Црвенковска
  • „Тешко е да не ме сакаш“ – Јасминка Петровиќ
  • „Аги и Ема“ – Игор Коларов
  • „Децата во мобилниот телефон“ – Џоу Син
  • „Шерлок Холмс за деца“ – Артур Конан Дојл
  • „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ – Катерина Трајановска
  • „Девојчето со форичката“ – Ева Камчевска
  • „Островот со скриеното богатство“ – Роберт Луис Стивенсон

VII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Силјан Штркот“ – Марко Цепенков
  • „Приказна за Доктор Дулитл“ – Хју Лофтинг
  • „Без зборови“ – Џенифер Мук Сенг
  • „Авантурите на Том Соер“ – Марк Твен

Изборни:

  • „Збунети години“ – Велко Неделковски
  • „Тоње Глимердал“ – Марија Пар
  • „Перуновата стрела“ – Нина Атанасова Шкрњариќ
  • „Раскази“ – Александар Поповски
  • „20.000 милји под морето“ – Жил Верн
  • „Најубави митови од антиката“ – Густав Шваб
  • „Игбал, мојата тајна“ – Јагода Михајловска-Георгиева
  • „Аз, буки“ – Видое Подгорец
  • „Светлина зад ридот“ – Трајче Крстески
  • „Од цвет до цвет“ (избор) – Адем Гајтани
  • „Книга за џунглата“ – Радјард Киплинг
  • „Раскази“ (избор) – Раде Силјан
  • „Мојот звук“ – Оливера Николова
  • „Ноќните птици“ – Тормод Хуген
  • „Лисичја месечина“ – Маша Огризек
  • „Операција чист воздух“ (прва книга) – Џеронимо Стилтон
  • „Пат околу светот за 80 дена“ – Жил Верн

VIII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Споменка“ – Горјан Петревски
  • „Поезија“ (избор) – Раде Силјан
  • „Мио, мој Мио“ – Астрид Линдгрен
  • „Емил и детективите“ – Ерих Кестнер

Изборни:

  • „Бегалка“ – Васил Иљоски
  • „Девојките на Марко“ – Оливера Николова
  • „Бојан“ – Глигор Поповски
  • „Цар Салтан“ – Ефтим Клетников
  • „Девојчето од Шестата Месечина“ – Муни Вичер
  • „Хаклбери Фин“ – Марк Твен
  • „Калеш Анѓа“ – Стале Попов
  • „Шармери од осмо“ – Велко Неделковски
  • „Добар ден тато“ – Стјепан Томаш
  • „Пет деца и тоа“ – Едит Незбит
  • „Бадникова вечер“ – Хуан Беиѓиа
  • „Забранета соба“ – Александра Симова-Клинчарова
  • „Агата Мистери – Загатката на фараонот“ – Сер Стив Стивенсон
  • „Гуливеровите патувања“ – Џонатан Свифт

IX одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)

Задолжителни:

  • „Застани на небото“ – Ерин Боу
  • „Дневникот на Ана Франк“ – Ана Франк
  • „Повик на дивината“ – Џек Лондон
  • „Малиот принц“ – Антоан де Егзипери

Изборни:

  • „Детството на Конески“ – Мишо Китаноски
  • „Белиот кловн“ – Дамир Милош
  • „Книга за сѐ“ – Хус Каијер
  • „Ванда“ – Силвија Шесто
  • „Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски
  • „Бели мугри“ – Кочо Рацин
  • „Хари Потер и Каменот на мудроста“ – Џ. К. Роулинг
  • „Исти очи“ – Горјан Петревски
  • „Чудна случка во ноќта“ – Марк Хадон
  • „Момчето во пижами на риги“ – Џон Бојн
  • „Ен од зелената фарма“ – Луси Мод Монтгомери
  • „Братучед ми доаѓа“ – Ќин Венѓун
  • „Ти носам пустински песок“ – Винка Саздова
  • „Александра“ – Томе Арсовски
  • „Автобиографија“ – Григор Прличев
  • „Јас сум Акико“ – Стефан Тиќми
  • „Се викам храброст“ (50 приказни за македонски хероини) – приредувач Надица Фирфова
  • „Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј

Извор

Поврзани написи

To top