Игротека

По однесувањето може да се забележи кои деца премногу користат екрани, вели една наставничка

Многу деца денес претеруваат со користењето на телефоните и другите екрани, иако експертите постојано предупредуваат дека тоа може да има негативни последици врз нивниот развој.

Една наставничка откри како по однесувањето на училиште може да препознае кои деца поминуваат премногу време пред екран, а кои не.

Децата што помалку користат екрани генерално се подобри во разговор. Тие почесто започнуваат разговор со врсниците и се доволно самоуверени да им пристапат и на наставници и на други возрасни.

– Овие деца имаат многу теми за разговор поради своите интереси и јасно се гледа дека многу разговараат и дома со родителите. Нивниот речник, самодоверба и комуникациски вештини се многу подобри – објаснува учителката Сем.

@_samjjackson Signs that a student has too much screen time at home – a primary school teachers POV #teachersoftiktok #teacherlife #year6teachers #parentsontiktok #screentime ♬ original sound – Sam Jackson

Децата што не се постојано на уреди често сакаат да читаат. Дури и кога на училиште им се нуди избор, тие претпочитаат книги, што се одразува врз нивното однесување.

Наставничката забележала дека децата што не користат многу екрани често не ги разбираат интернет-жаргонот, мемињата и „чудните“ фрази што се популарни на социјалните мрежи. Наместо тоа, тие користат соодветни реченици.

Децата што поминуваат многу време пред екрани почесто изразуваат желба да станат јутјубери или онлајн стримери, додека другите деца се повеќе насочени кон професии како лекари, ветеринари или медицински сестри.

Децата што помалку користат екрани генерално можат подолго да останат сконцентрирани. Учителката вели:

– Можам да им зададам задача и тие ќе ја завршат без прекини и досада, додека други деца често користат раце за да удрат по нешто, веројатно поради навиката на екрани – вели таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top