Воспитување

Зошто родителите денес сè повеќе сакаат ќерка отколку син?

Првпат во историјата паровите сè повеќе ги претпочитаат ќерките наместо синовите, покажало ново истражување. Оваа глобална промена означува значителна промена во долгогодишните културни норми кои традиционално ги фаворизираат синовите.

Студијата ја спровеле истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, анализирајќи ги податоците собрани како дел од „Светско истражувањето за вредностите во периодот од 1980 до 2010 година“. Анализата опфатила 77 земји, кои заедно сочинуваат 86 отсто од светската популација, и открила јасно зголемување на преференциите за ќерки.

Традиционално, синовите биле преферирани наследници во многу култури. Главните причини за тоа го вклучуваат продолжувањето на презимето, правото на наследство и очекувањето дека синовите ќе се грижат за своите родители во нивната старост.

Што ја поттикнало промената?

Истражувачите го поврзуваат овој пресврт со голем број општествени фактори, пред сè со зајакнувањето на положбата на жената во општеството. Повисоките нивоа на образование, поголемото присуство на жените на пазарот на трудот и нивната економска независност ги намалиле традиционалните предности што им се припишуваат на синовите. Како што жените добиваат поголема автономија, се менуваат и вредностите во семејството.

Сè уште постојат регионални разлики

Иако трендот на преферирање ќерки е најизразен во развиените земји, тој е забележлив и во некои земји во развој. Сепак, студијата забележува дека во одредени региони, како што се делови од Јужна и Источна Азија и Блискиот Исток, сè уште преовладува силната предност за синови. Во овие области, ова продолжува да води до проблеми како што се селективни абортуси и родова нерамнотежа.

Генерално, резултатите од истражувањето укажуваат на иднина во која ќерките сè повеќе ќе се ценат, често повеќе од синовите – во она што авторите на студијата го нарекуваат „извонреден пресврт“ на историските норми.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top