Воспитување

Видео: Како децата ја гледаат работата на мајката

Мајките што жонглираат помеѓу кариерата и мајчинството се навистина најдобри. Во следното видео неколку ученици објаснуваат што прават нивните мајки на работа… а потоа и самите мајки објаснуваат со што се занимаваат.

Дечињата веднаш се развеселуваат кога сфаќаат дека треба да раскажат за нивните мајки. Па така, првото вели: „Мојата мајка тестира авиони“, додека другото вели: „Мајка ми може да работи… и работи“. Мајката потоа објаснува дека е инженер и дизајнира и гради авиони.

Следното детенце тврди дека неговата мајка вози, па мајката надополнува дека всушност работи како адвокат. Слаткото девојче вели дека нејзината мајка готви, а потоа мајката надополнува дека всушност е доктор по акупунктура и функционална медицина.

„Мојата мајка ми носи ужини и јас ги јадам“, вели следното детенце. Неговата мајка додава дека е научник и истражувач за канцер.

„Мојата мајка работи во обезбедување, работи од дома на лаптоп и компјутери“, вели едно од девојчињата, а мајката надополнува дека нејзината професија е инженер за наоѓање решенија за сајбер-безбедност.

„Не знам“, вели едно девојче кое ги засмејува своите наставници, а мајката објаснува дека работи како училиштен психолог.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top