Игротека

Новите паметни лего-коцки светат и испуштаат звуци

Данскиот производител на играчки „Лего“ претстави едно од своите најголеми достигнувања во дизајнот на коцки – нов паметен и интерактивен дел што може да детектира други паметни коцки и да комуницира со означени делови. Најавена на годишниот технолошки саем „ЦЕС“ во Лас Вегас, новата интерактивна коцка – таканаречената „лего смарт брик“ – е опремена со мал чип што ѝ овозможува да користи звучници и ЛЕД-светла на различни начини, кога други паметни коцки се во нејзина близина. На пример, во игра, лего-диносаурус би можел да почне да рика кога ќе се додаде соодветниот дел, а хеликоптер би можел да почне да зуи и да свети.

Џулија Голдин, главен директор за производи и маркетинг на „Лего“, истакнала дека новата технологија е едно од најзначајните достигнувања.

Паметната коцка содржи чип со големина од околу четири милиметри, бакарни калеми и батерија што може да се полни, што ѝ овозможува да ја детектира оддалеченоста и ориентацијата на други паметни коцки во близина. Исто така, има вграден минијатурен звучник, акцелерометар и ЛЕД-екран. Коцката може да препознае кои фигури или специјални сензори се во нејзина близина и да реагира соодветно. На пример, кога фигурата е поставена на возило, коцката реагира со соодветни звучни или светлосни ефекти.

„Лего“ објави дека новите паметни коцки ќе бидат пуштени во продажба на 1 март 2026 година. Планирани се три комплети од „Војна на ѕвездите“, вклучувајќи и ловец „Х-WВинг“ кој реагира на звук на летање. Цените се движат од околу 70 долари за најмалиот сет до околу 160 долари за најголемиот. „Лего“ истакнува дека предноста на коцките е што децата можат да бидат креативни и да не користат екрани.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top