Воспитување

Сакате да му помогнете на вашето дете да прооди? Дајте му по еден лимон во секоја рака

Ако вашето бебе се обидува да ги направи своите први несигурни чекори, постои едноставен трик што може да помогне – дајте му два лимона во рацете. Овој малку необичен совет доаѓа од Оливија Рејес, педијатриски физиотерапевт во Тексас, која користи секојдневни предмети во својата работа за да поттикне самостојно одење кај бебињата.

Во едно од нејзините вирални видеа на „Тик-ток“ Рејес покажува 11-месечно момче како ги прави своите први независни чекори со лимони во рацете – буквално.

-Трикот со лимони има помалку врска со лимеоните отколку со неговата способност да стои самостојно – објаснува Рејес.

Зошто лимони?

Лимоните (или други мали, лесни предмети што бебето може да ги држи) му помагаат на бебето да одржува рамнотежа и – што е поважно – да се чувствува безбедно и фокусирано.

-Одењето е целосно поврзано со тоа колку самоуверено се чувствува бебето. Кога бебето првпат стои самостојно, тоа е првпат да мора да ја балансира целата телесна тежина во исправена положба. Пред тоа претежно лазело или се тркалало, што ја распределува неговата тежина хоризонтално – рекла таа.

Лимоните обезбедуваат нежна противтежа, а фактот дека нивното внимание е насочено кон предметите во нивните раце, им помага на бебињата да се опуштат и спонтано да ги направат своите први чекори.

@thebabypt #duet with @wendysanchoa #lemonmyth The lime myth makes a lot of sense when your baby can stand already! Love to see it! #MomsofTikTok ♬ original sound – Dr. Olivia Reyes PT, DPT

Кога бебињата почнуваат да одат?

Повеќето бебиња ги прават своите први чекори околу една година, но секое дете има свое темпо. Сепак, некои упатства сугерираат дека детето треба да оди самостојно до 18 месеци. Но, пред да станат вистински мали деца, бебињата минуваат низ неколку фази – од стоење на мебел, до одење со поддршка, до повторно ползење, паѓање и повторно обидување. Одењето не е спринт – тоа е процес. Рејес објаснува дека родителите не треба да паничат ако нивното бебе претпочита да ползи или да се врати на подот по првите чекори.

-Ова е сосема нормално и развојно соодветно. Одењето станува „вистинско одење“ само кога станува главен начин на движење – рекла Рејес.

Трик за родителите

Значи, ако сакате да му помогнете на вашето малечко да ги направи своите први чекори побезбедно – обидете се да користите два лимона (или какви било безбедни предмети со слична големина и тежина). Важно е тие да бидат лесни, заоблени и бебето да може да ги држи. И не заборавајте – секој нов чекор, дури и малиот, е огромен скок во развојот на детето. А вашето трпение, охрабрување и насмевка се она што му е најпотребно во тој момент.

Извор

Поврзани написи

To top