По повеќе од 20 години лекување пациенти со срцеви заболувања, кардиологот д-р Ленс Ламот добро знае колкаво влијание можат да имаат навиките во исхраната од детството врз здравјето во зрелата возраст.
Како татко на три ќерки, кои денес се тинејџерки, признава дека и тој и сопругата поминале низ фаза на брза храна, замрзнати јадења и пилешки медалјони. Но, откако одблизу ги видел последиците од лошата исхрана, одлучиле во семејството да воведат поздрави навики.
Во продолжение се пет намирници што овој кардиолог никогаш не им ги нуди на своите деца и здравите алтернативи што станале секојдневие во неговиот дом:
Пуканки од микробранова
Иако брзи и практични, најголемиот дел од индустриските пуканки за микробранова содржат штетни хемикалии. Пакувањата се обложени со т.н. „трајни хемикалии“ (PFAS), поврзани со нарушувања на имунолошкиот систем и дури и со вродени маани. Ароматизираните додатоци, особено оние со вкус на путер, можат да бидат опасни за белите дробови.
Здрава замена: Пуканки приготвени во тава или во „ер фрајер“, со малку путер или маслиново масло.
Овошни јогурти за деца
На прв поглед изгледаат здраво, но многу овошни јогурти се преполни со шеќери и вештачки бои. Порциите се премали, па децата често јадат по два или три, внесувајќи преголема количина шеќер.
Здрава замена: Грчки јогурт без додатоци, со малку мед и свежо овошје. Децата го обожаваат, а вие знаете дека е здрав.
Преработено месо (виршли, салами, сувомесни производи)
Овие производи содржат големи количини сол, конзерванси и нитрати. Сите тие се поврзани со поголем ризик од срцеви заболувања и рак. Дополнително, негативно влијаат врз крвните садови и го зголемуваат нивото на холестерол.

Здрава замена: Печено или пиле на скара, мисирка, јајца, леќа, наут и киноа. Семејството на д-р Ламот често комбинира животински и растителни извори на протеини.
Засладени житарки и газирани пијалаци
Популарни појадоци полни со шеќер даваат брза енергија, но потоа доаѓа до нагло паѓање на шеќерот во крвта што влијае врз концентрацијата и расположението. Истото важи и за засладените сокови и газираните пијалаци.
Здрава замена: Појадок со јајца, овошје, овесни снегулки, смути со растителни влакна и здрави масти. За пиење, вода со парче овошје наместо сокови и газирани пијалаци.
Храна пржена во многу масло
Пржената храна во индустриски масла при високи температури содржи супстанции што предизвикуваат воспаленија и се опасни за здравјето. Освен тоа, децата лесно се навикнуваат на крцкавата текстура и тешко прифаќаат поздрава алтернатива.
Здрава замена: Чипс од зеленчук и печен зеленчук во ер фрајер. Крцкаво, вкусно и без штетни масла.
Здравите навики почнуваат дома
Не мора секој ден да јадете совршено. Целта е постепено воведување на поздрави избори. Обратете внимание на состојките, избегнувајте индустриски масти, избирајте цели намирници и вклучете ги децата во подготовката на оброци затоа што тие најмногу учат од она што го гледаат. На крајот, децата не слушаат што зборуваме, туку гледаат што правиме. Бидете пример што ќе ги следи целиот живот.