Воспитување

Психотерапевт: Ќе бидете успешни ако одгледате дете кое не е анксиозно

Во време кога успехот често се мери со оценки, дипломи и бројот на јазици што ги зборува детето, лесно е да се заборави суштината на родителството – да се одгледа среќна, стабилна и слободна личност. Проф. д-р Јасна Барјактаревиќ, психотерапевт со богато искуство, нè потсетува на најважното нешто – детето не е наш проект, ниту продолжение на нашите неисполнети амбиции. Тоа е нова, автентична личност на која треба да ѝ се дозволи да го пронајде својот пат.

Токму за ова зборувала таа во поткастот „Емпајр стејт Балкан“:

-Ќе бидете успешни ако одгледате дете кое не е анксиозно. Кое е слободно.
Што значи слободно?

Можам да бидам среќен/а дури и ако не сум најдобар/а во училиште.
Можам да бидам среќен/а дури и ако не ги знам сите јазици.
Можам да бидам среќен/а ако го најдам она што сакам да го правам, а не она што ми е наметнато.

И тука е фундаменталната грешка.

Забораваме дека кога раѓаме дете, не сме родиле клон од себе, туку сосема нова личност која ги има сите наши гени, но воопшто не мора да личи на нас. Сè уште сакаме нашето дете да биде уште поуспешно, нашето дете да нè надмине, да можеме да се фалиме со сите успеси на детето и да ги следи патеките што ние сме ги направиле.

Децата се будат, генерациите се бунат, тие гледаат на интернет, обидувајќи се да сфатат кои се и што се. И најчестото прашање што ми го поставуваат младите луѓе, дури и луѓето до 40-годишна возраст, е прашањето: „Дојдов да видам кој сум навистина?“ И ова е најинтелигентното прашање што човек треба да си го поставува секој ден. Кој сум јас и што сакам?

Извор

Поврзани написи

To top