Мајката Бриан Степ ги насмеа тик-ток корисниците со видео на кое е снимена нејзината ќеркичка како од столчето за хранење внимателно ги набљудува своите родители, но никако не може да одлучи како точно се чувствува.
На видеото, кое за неколку дена стана вирално, може да се види како расположението на бебето се менува од секунда во секунда, па од смеење преминува во плачење и обратно.
Девојчето со својата искрена реакција предизвика насмевки и сочувство кај интернет-корисниците, а многумина во коментарите споделија дека и нивните бебиња поминале низ слични емоционални моменти.