Воспитување

Не носете го детето во градинка ако не го знае ова: Наставничка има важна порака за родителите

Емили Перкинс (28), едукаторка од Кентаки, верува дека родителите треба да ги научат своите деца на една многу важна работа пред да тргнат во градинка.

-Кажете му на детето „не“ – вели оваа наставничка во видео на „Тик-ток“ кое станало вирално.

-Кажи му „не“ и тоа нека биде целосна реченица – вели таа, инсистирајќи дека оваа домашна лекција е најдобриот начин да ги подготвите децата за градинка.

-Не учете ги дека „не“ е причина да се расправаат со вас – додала таа.

Перкинс истакнува дека не станува збор за тоа родителите да не му дозволуваат на детето да одговори на нешто, туку дека треба да го научат на почитување.

-Ако не можам да му кажам „не“ на вашето дете како возрасен човек, ако тоа не го почитува тоа „не“, тогаш не можам да го научам практично на ништо – вели таа.

Зборовите на оваа наставничка можеби најмногу се насочени кон родителите кои се придржуваат до таканареченото нежно родителство и кои би му дозволиле на детето речиси сè, само за да не го видат вознемирено или расплакано.

Сепак, Перкинс смета дека нежното родителство е кошмар.

-Имав мајка која ми рече дека не му велат „не“ на дете затоа што тоа било поттик за негово лошо однесување. Ако сакате дете на кое не можете да му кажете „не“ и не сакате да го користите тој збор во вашиот речник, тогаш учете ги вашите деца сами – вели таа на крајот од видеото, додавајќи дека ако наставникот не може да му каже „не“ на детето за да послуша, тогаш е навистина тешко детето да се научи на што било.

Извор

Поврзани написи

To top