По долгиот училиштен ден, последното нешто што децата сакаат да го прават е да пишуваат домашна задача. Од друга страна, последното нешто што им е потребно на родителите по напорниот работен ден е да се расправаат со своето дете за тоа.
И голем дел од родителите сметаат дека колку повеќе се вклучени во пишувањето домашни задачи со децата, толку им е полесно на децата. Но, тоа и не е точно со оглед на тоа што експертите анализирале 30-годишно истражување на оваа тема и заклучиле дека во повеќето случаи, овој родителски интерес не помага да се подобрат резултатите од тестовите или оценките. Причината: кога родителите премногу се трудат, тие им ја скратуваат можноста на децата да станат понезависни и посамоуверени.
Ако постојано го надгледувате детето додека пишува домашно, може да биде фрустрирачко и за вас и за него
Полесно е да кажеме дека треба да не учествувате во пишувањето домашни задачи отколку да го направите тоа. Во продолжение експертите нудат неколку техники за тоа како да му помогнете детето, а притоа да не му ја пишувате вие задачата.
Моментална ситуација: Ако постојано седите до детето за да ги поправате неговите грешки, веднаш треба да престанете да го правите тоа.
Нов начин: Бидете во близина при извршувањето на домашните обврски.
Немојте само да му ги давате одговорите на вашето дете. На пример, ако се буни во врска со задачата по математика, обидете се да му поставите прашање. Ако ви каже дека разбира, нека продолжи само. Ако и понатаму не му е јасно, предложете му да искористи нешто во околината што ќе му помогне.
Исто така, избегнувајте да ја поправате неговата грешка без да разговарате со него.
– Домашната задача е можност детето да го практикува она што го научило на час – објаснува Жаклин Крос, наставничка во четврто одделение.
Моментална ситуација: Се расправате со детето за да седне да ја напише домашната.
Нов начин: Воспоставете рутинa без да се расправате.
Дајте му до знаење дека секој има обврски и дека детето освен што оди на училиште и учи, има обврска да ги решава домашните задачи. Кажете му дека треба да даде сѐ од себе. Заедно, смислете одредено време и место за домашна задача. Дозволете му на вашето дете да се одмори по училиште, а потоа да седне и да ги заврши домашните задачи.
Моментална ситуација: Се нервирате поради фрустрациите на вашето дете кога ја пишува домашната задача.
Нов начин: Прошетајте.
Не дозволувајте вашето дете постојано да се фрустрира и нервира кога пишува. Наместо тоа, натерајте го да се сконцентрира
Ако детето постојано се жали, дознајте што се крие зад неговата фрустрација. Ако се работи за недостиг на мотивација, дајте му до знаење дека штом ќе заврши, ќе се префрли на нешто позабавно. Потоа излезете од собата. Без публика детето повеќе нема да има на кого да се жали.
Се разбира, ако материјалот е навистина премногу тежок за него, тоа е друга приказна. Обидете се да решите некој проблем со него. Ако не успеете, разговарајте со наставникот и побарајте помош.
912