Малите деца знаат многу да бараат, но и се малку чудни. Но, не грижете се, овие фази на однесување минуваат за брзо време.
Психијатарот Хедер Витенберг наведува дека фазите како лаење или лижење на предмети се краткотрајни. Она што ви изгледа бизарно е всушност сосема нормално однесување за возраста на децата.
Удирање со главата
Ритмичките, повторувачки движења помагаат да се смири прекумерно стимулираниот нервен систем. Освен ако вашето дете не се повреди или повеќе сака да си ја удира главата отколку да се дружи, јаде или игра, едноставно игнорирајте го или предложете замена за активност за да го пренасочите однесувањето.
– Она што ни изгледа вознемирувачко може да биде многу смирувачко за детето – рече Витенберг.
Рацете во панталоните
Рацете во панталони или гаќички е уште една навика која родителите ја сметаат за проблем. Витенберг вели дека не треба да им кажете „не“, туку дајте им насоки. Обезбедете му на вашето дете интересни работи за да не му биде досадно.
Јадење работи што не се храна
Децата ја користат устата како алатка за истражување на светот. Можеби експериментираат или можеби тоа е здравствен проблем или имаат потреба. На крајот, сè се сведува на сериозноста и зачестеноста. Така, повремениот чуден нагон може да се тргне настрана, но ако вашето дете е опседнато со јадење прашина или песок од мачки, време е да разговарате со вашиот педијатар.
„Копање“ во носот
Чепкањето во носот е лоша навика, но е интересен „простор“ за истражување на децата. Но, нема потреба да се грижите. Објаснете му на детето дека тоа е навика што не треба да се прави во јавност.
Имагинарно другарче и кадифени мечиња
Многу деца се опседнати со играчки, но и со имагинарни пријатели за кои често зборуваат. Тоа е нормална реакција на сознанието дека светот е збунувачки и тешко разбирлив. Имено, светот што го создава детето е многу попријатен. Кога го прифаќате светот на имагинацијата на вашето дете, ја почитувате неговата креативност. Кога ќе се изгуби кадифеното пријателче или треба да се испере, може да биде тешко, но тоа е можност да му покажете на вашето дете како да се движи надвор од својата комфорна зона.
Други чудни однесувања
Некои мали деца инсистираат да носат наметка цел ден или сакаат постојано да бидат голи. Овие фази се нормален дел од детството. Како и со другите чудни однесувања, сè додека тоа не се меша во нормалните активности, не треба да се грижите. Можеби ќе треба да му објасните дека ова е нешто што може да го направи понекогаш.
912