Кога сакате да останете бремени, првиот совет што ќе ви го дадат сите е да ја следите вашата овулација или плодните денови. Сепак, сигурно барем еднаш сте се запрашале дали можете да забремените дури и кога немате овулација?

Речиси е невозможно да се зачне бебе кога немате овулација, но сигурно има мали шанси да се случи тоа, особено ако сте имале секс пред овулацијата. По овулацијата е многу потешко да се забремени бидејќи јајце-клетката е веќе ослободена и поминала низ јајцеводите, па не може да се оплоди.

Најплодни сте кога овулирате, а тоа се денови кога најверојатно ќе останете бремени, па следењето на овулацијата навистина може да помогне кога се обидувате да забремените. Деновите кога има најголеми шанси за бременост во целиот циклус се три дена пред овулацијата, вклучувајќи го и денот на овулацијата. Во овој период зрело јајце се ослободува од јајчниците и може да дојде до оплодување.

Надвор од плодниот период

Плоден период се смета дека е три дена пред и три дена по овулацијата, што значи дека имате најголеми шанси да забремените доколку имате односи во тие денови.

Сепак, дури и сексуалниот однос пет дена пред овулацијата може да биде „хит“, односно може да дојде до зачнување бидејќи сперматозоидите во идеални услови можат да преживеат и до пет дена.

Покрај тоа, треба да се земе предвид дека многу жени не секогаш овулираат во исто време, така што плодните денови може да варираат од циклус до циклус.

Овулацијата генерално се случува 14 дена пред менструацијата, што за жените чиј циклус трае 28 дена е всушност 14-тиот ден од циклусот. Кај жените што немаат толку редовни и „правилни“ циклуси, најдобро е да се пресмета овулацијата 14 дена пред очекуваниот датум на следната менструација. Секако, може да помогне и да се следат знаците кои укажуваат на овулација.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X