Ниту сите предупредувања на лекарите ниту фактот дека сега е многу јасно дека прекумерните количини на шеќер и пиењето газирани и енергетски пијалаци му штети на здравјето на децата не ги спречуваат родителите сè уште да ја вртат главата, да мавтаат со рацете, тврдејќи дека „ништо нема да им се случи“ на нивните деца и дека сите пијат газирани сокови.
Некои одат дотаму што го оправдуваат фактот дека на децата им е дозволено да пијат газирани сокови затоа што и водата и воздухот се секако загадени, па не е толку страшно ако децата пијат и обоени, газирани пијалаци.
А вистината, се разбира, е сосема поинаква.
– Тие препарати содржат јаглерод диоксид кој може да доведе до надуеност на желудникот на детето. Содржат и вештачка боја, адитиви и суплементи кои можат да предизвикаат алергиски реакции на кожата кај децата на таа возраст, а кај децата што веќе имаат егзема, консумирањето може да доведе до зголемување на егземата – објаснува д-р Милиќевиќ.
Докторот напоменува дека овие пијалаци содржат голема количина шеќер што може да наруши некои рутини.
– Можат дури и да го заситат детето и да му го нарушат нормалниот ритам на исхрана бидејќи потоа нема да сака да јаде. За децата најдобро е да пијат вода и природни сокови, а газираните пијалаци апсолутно не се пожелни! За жал, родителите им даваат и велат нема да им биде ништо. На краток рок нема, но ако се користи подолго време, тогаш може да предизвика проблеми – вели докторот.
Консумирањето газирани пијалаци може да доведе до дебелеење.
– Инаку, имаме многу дебели деца и тој број се зголемува во изминатите неколку години токму поради нездравите навики. Дебелината не е само нарушување, туку и болест. Сите деца што пијат газирани пијалаци имаат прекумерна тежина поради внесувањето на овие шеќери. Особено не е погоден за деца што имаат склоност кон дијабетес, односно генетска предиспозиција. Консумирањето големо количество од овие пијалаци може да доведе до дијабетес – нагласи д-р Милиќевиќ.
Истражување објавено во „Журнал оф педијатрикс“ покажува дека децата што пијат големи количини газирани пијалаци покажуваат поголема агресивност и проблеми со однесувањето.
912