Поранешната министерка за образование од Хрватска, Блаженка Дивјак, ги коментирала резултатите од државната матура, како и проблемите во образованието.
Дивјак смета дека премалку се прави за да се подигне свеста за тоа колку голем проблем е вештачката интелигенција и што значи таа во образованието.
– Се зборува за проблеми каде што учениците и студентите користат нелегална вештачка интелигенција за мамење и копирање. Не сме свесни колку нашите животи се менуваат и дека нашите сегашни ученици ќе работат во целосно променети услови. Во нашето образование нема никаков развој за ова – рекла таа.
-Би морале да имаме широка кампања од градинките, преку училиштата и факултетите, за да научат наставниците да ја користат, но и да ги препознаваат ризиците, кои се големи – додала таа.
Разочарувачки резултати од државната матура
Државната матура во Хрватска покажала полоши резултати од претходно.
-Посебно внимание треба да се посвети на резултатите од хрватскиот јазик. Голем проблем е што на децата не им се даваат книги во семејствата. Наставните програми се многу отворени и постои голема слобода за наставниците да користат современи дела кои се поблиски до учениците. Но, не е важна само вредноста на читањето, туку колку е тоа важно во развојот на другите вештини – објаснила таа.
-Исто така, на факултетите гледаме како се скратува опсегот на внимание и нема смисла да им се дава на децата уред во рацете, кога не им е потребен. Ниту на училиште ниту во семејството и тоа треба добро да се дозира. Веќе имаме деца кои доаѓаат на училиште нервозни што немаат уред во рацете. Мора да бидеме свесни дека тоа е проблем и да се насочиме кон тоа како да се работи со родителите, бидејќи технологијата нема да исчезне и мора да работиме на превенција од ризици – смета Дивјак.
912