Образование

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.6.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:

– Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;

– Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

– Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да консумираат поголемо количество на вода;

– Да им се препорача на учениците да не консумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top