Кашлицата е еден од најчестите симптоми на разни детски болести. Понекогаш е многу упорна и долго трае, често им го нарушува сонот на децата, но добрата вест е што обично не е знак за некои сериозни здравствени проблеми кај најмалите.

Прочитајте како да препознаете различни видови кашлица, на што можат да укажуваат и кога треба да одите на лекар без одлагање.

Влажна и продуктивна кашлица

При влажна и продуктивна кашлица секретот тече низ грлото во текот на ноќта и најчесто е придружен со течење на носот.
Најчеста причина: инфекција (како настинка, синузитис или пневмонија) или алергии.

Како да се лекува: Користете солен раствор за носот и често давајте му на детето течности за разредување на секретот. Млечните производи може да ги направат секретите погусти, затоа погрижете се вашето дете да не внесува премногу од нив, кога така кашла. Сепак, на бебињата под една година дефинитивно ќе им треба вообичаениот внес на млеко. Ако кашлицата е придружена со температура, најдобро е да се обратите на лекар за да се исклучи посериозна инфекција.

Сува и рапава кашлица

Кај ваквата кашлица најчеста причина е иритација на дишните патишта кај детето. Типично е да има многу малку или никаков секрет во кашлицата.

Најчеста причина: Инфекција, алерген или други надразнувачи, како прашина, полен, чад од тутун.

Како да се лекува: Ќе ја ублажите со користење капки за нос и пиење многу течности, а доколку се сомневате дека има алергија, најдобро е да го ограничите контактот на детето со алергенот што го мачи и да почекате. Доколку сте загрижени, секако можете да се консултирате со лекар.

Кашлица што звучи како лаење

Овој тип кашлица се јавува кога дишните патишта на детето се стеснуваат и/или се воспалени.

Најчеста причина: круп (круп, ларинготрахеобронхитис), вирусна инфекција која обично е полоша ноќе.

Како да се лекува: Истурете топла вода во бањата за да создадете пареа и седете со малечкото во таа просторија 15-20 минути. Исто така, ќе му годи ако излезе надвор ако воздухот е свеж, но не и ладен. Ако детето има проблеми со дишењето, посетете лекар.

Кашлица проследена со отежнато дишење

Овој тип кашлица е знак дека детето има секрет во дишните патишта или дека секрет му тече низ грлото.

Најчеста причина: астма или бронхиолитис, инфекција на малите дишни патишта која главно се јавува кај деца под три години.

Како да се лекува: Најдобро е да посетите лекар за да се утврди точно во што е проблемот. Ако детето има астма, можеби ќе треба да се смени дозата или видот на лекот, а ако се работи за инфекција, можеби ќе треба антибиотик.

Силна кашлица проследена со длабок здив

Овој тип кашлица се препознава по тоа што кашлицата е толку силна, што детето речиси го исфрла целиот воздух од белите дробови, па потоа треба да земе длабок здив.

Најчеста причина: голема кашлица, бактериска инфекција позната и како пертусис.

Како да се лекува: Одете на лекар бидејќи најверојатно е потребен антибиотик кој ќе го намали ризикот од ширење на инфекцијата, но нема да ја излечи кашлицата или да го скрати нејзиното времетраење. Големата кашлица може да биде опасна, особено за бебињата, па затоа е важно да посетите лекар доколку се сомневате во тоа.

Кога треба да посетите лекар

Во многу случаи кашлицата не треба да ве загрижува, но еве во кои ситуации треба веднаш да го однесете вашето дете на лекар:

-ако има тешкотии со дишењето или „се мачи“ да дише
-ако дише повнимателно од вообичаено
-ако има синкава боја на усните, лицето или јазикот
-ако има висока температура (особено ако детето кашла и нема течење на носот и не му е затнат)
-ако има дури и блага температура и има неполни три месеци
-ако детето е доенче (три месеци или помладо) кое кашла повеќе од неколку часа
-ако слушате чуден звук кога детето зема здив по кашлање
-ако кашла крв
-ако слушате свирење на градите кога детето зема здив
-ако се слуша свирење и кога детето издишува
-ако детето е слабо, нервозно и раздразливо
-ако детето е дехидрирано.

Извор



912

X