Тинејџерите сакаат независност, тоа е јасно и нема ништо лошо во тоа. Тука сме полека да ги воведеме во светот и да им овозможиме да бидат независни. Но, и тие треба да го научат тоа. Ако сакаат да бидат возрасни, мора да сносат одговорност. Некогаш не е така лесно и потребно е да им се даде до знаење на децата на потешкиот начин.

Така, една мајка им се обрати на следбениците на форумот „Am I The A**hole“ за да ѝ помогнат да открие дали постапила правилно во една таква расправија со нејзината ќерка. Имено, таа еднаш ја оставила својата ќерка тинејџерка сама во автобус за да ѝ одржи лекција. Мајката смета дека направила добра работа, но нејзиниот потег предизвикал бурни реакции кај остатокот од семејството.

– Имам 15-годишна ќерка, ајде да ја наречеме Бет. За време на викендите/по работата во текот на неделата, првенствено користам јавен превоз. Поголемиот дел од времето кога Бет се вози во автобус со нас, таа одбива да седи до нас (што е разбирливо за тинејџерка) и претпочита да седи што подалеку од нас. Таа, исто така, има лоша навика да става слушалки и да се „исклучува“, не обрнувајќи внимание на нашата автобуска постојка, па јас и мојот сопруг мораме да се туркаме низ преполниот автобус и да ѝ го привлечеме вниманието за таа да излезе од автобусот со нас – раскажува мајката.

Таа објаснува дека постојано разговарале за тоа дека е опасно да се биде целосно несвесен за околината, особено кога се возите во автобус, но ќерката одбивала да внимава на автобуските станици или да седи блиску до нив за лесно да ѝ го привлечат нејзиното внимание.

Освен тоа, ќерката барала сопствена автобуска карта, на што родителите рекле не, особено затоа што не обрнува внимание на околината, што лесно може да стане проблем.

Поради сето ова, мајката дошла до идеја: да ѝ одржи лекција на тинејџерката, но на потешкиот начин.

– Кога влеговме во автобусот, Бет одлучи да седи назад, додека јас седев напред. Автобусот беше невообичаено празен тој ден, па добив идеја. Следната автобуска станица беше онаа пред нашиот дом и јас излегов од автобусот, но Бет не обрна внимание – вели мајката и продолжува да раскажува дека таа отишла на соседната автобуска станица каде што ја нашла својата ќерка.

– Беше лута, рече дека ја оставив во автобусот, беше преплашена кога виде дека не сум таму – раскажува мајката. Таткото се согласил дека лекцијата е оправдана, но тинејџерката подоцна им кажала на сите роднини, па бабите се свртеле против мајката затоа што сметале дека постапката на мајката била сурова и опасна.

Извор



912

X