Многумина од нас мислат дека подарувањето цвеќе е резервирано исклучиво за жени, но искажувањето љубов не треба да се ограничува според полот. Важно е да се погрижиме нашите најблиски да знаат колку ни значат.

Ова вклучува давање цвеќе на синовите, а не само на ќерките. Така, Џулија Енсајн, која има син, на нејзиниот профил на „Тик-ток“ објаснува зошто одлучила да му купи цвеќе на својот син како изненадување.

Во видеото таа објаснува дека мажите речиси никогаш не добиваат цвеќе.

– Му купив цвеќе на мојот син затоа што некој на интернет рече дека повеќето мажи првото цвеќе го добиваат на погреб – вели таа.

Во видеото Јулија се појавува на влезната врата со букет што го купила за нејзиниот син. Откако му го подарува цвеќето, таа го прегрнува.

@julia.ensign

My lil guy will always have my love 🥺

♬ Slipping Through My Fingers – Declan McKenna

Извор



912

X