Често се вели дека во родителството деновите се долги, а годините кратки. Прекрасно видео кое го освои светот ги истакнува токму оние обични денови кои на мајките им изгледаат бескрајно долги и што всушност тие значат за децата.
Естер Андерсон го создаде ова видео кое покажува како изгледа еден обичен ден од две перспективи – прво од гледна точка на мајката, а потоа од гледна точка на ќерката.
Додека мајката е уморна и истоштена обидувајќи се да постигне сѐ и ги гледа само тие тешки моменти, сеќавањата на нејзината мала ќерка покажуваат нешто сосема друго. Таа се сеќава само на убавите моменти од денот поминат со нејзината мајка.
Она што е нормално за нас, возрасните, за нив е магија. За нив, тоа е можеби најдобриот ден во животот.
912