Се проценува дека помеѓу 40 и 60 проценти од интелигенцијата е наследна, додека за остатокот влијае околината што нè опкружува.
Во многу семејства се водат духовити дебати околу тоа на кого личи детето, на кого е паметно, убаво, високо, талентирано за музика… И секоја мајка и секој татко тврдат дека сите прекрасни карактеристики на децата се наследени токму од нивната страна.

Но, имаме лоша вест за татковците… Жал ни е, но науката вели дека детската интелигенција се наследува од мајката.
Многу студии покажаа дека за интелигенцијата е одговорен хромозомот X (икс). Жените имаат два (XX), додека мажите имаат само еден (XY), така што е двојно поголема веројатноста дека детето ја наследува интелигенцијата од мајката.

Ова не е непроверена теорија, направеното неодамнешно истражување ја потврдува. Една студија на научниците од Медицинскиот центар за истражување во Глазгов покажа дека коефициентот на интелигенција на детето е поблизок до оној на мајката отколку до тој на таткото.
Научниците интервјуираа деца кои на почетокот на студијата имаа 14 години, а интервјуто се вршеше еднаш годишно. Студијата траеше до нивниот 22 роденден, а за време на тестирањето  беа земени предвид образованието и социо-економскиот статус на учесниците, пренесува британскиот весник „Мирор“.
Најдобриот начин да се предвиди IQ на детето е преку коефициентот на интелигенција на мајката, а тестовите покажаа дека резултатите варираат само за 15 поени.
Сепак, постојат и научници што не се согласуваат целосно со оваа едноставна теорија за X-хормозомите, тврдејќи дека генетиката не е единствениот фактор што влијае врз тоа колку детето ќе биде интелигентно.
Значи, колку ќе биде паметно детето, зависи од двајцата родители. Мајката може да влијае нијанса повеќе кога се зборува за наследниот фактор, но за сè друго – читање, давање на најдоброто од себе, мама и тато се заедно.

 



912

X