Во населбата Визбегово во општина Бутел е изградено ново Основно училиште „Визбегово“, кое ќе може да прими околу илјада ученици. Владата преку МОН за неговата изградба намени околу 110 милиони денари. Се очекува да биде отворено од 1 септември годинава за учебната 2024/2025.
Училиштето има 20 училници опремени за сеопфатна наставна програма, кабинети за општествени и природни науки, за музика и уметност, лифт за ученици со посебни потреби, библиотека… Се растоваруваат другите училишта во Општината Бутел, како и во општините Чаир и Шуто Оризари каде што се запишуваат децата од тој дел на градот.
Извор: МИА
912