Воспитување

Американка што живее во Јапонија ја покажува магијата на јапонските игралишта

Никел Микелсон е Американка која живее во Окинава, Јапонија, со своето семејство. Нејзиниот профил на „Тик-ток“ прави споредба меѓу двете култури.

Во своето најново видео Микелсон ги води своите следбеници низ едно јапонско игралиште.

„Значи, парковите во Јапонија се фантастични. Ќе ви покажам каков е оној во кој дојдовме денес“, започнала таа.

Видеото потоа ги прикажува сите интересни и уникатни карактеристики понудени во сеопфатниот парк, вклучувајќи област за скокање, огромни тобогани од различни форми и големини, голем тунел за качување по карпи, зип-линија и се разбира патека со јажиња.

Микелсон покажала и дека на игралиштето има автомат полн со вода, чај, па дури и топло кафе.

Сосема очекувано, видеото го привлекло вниманието на неколку корисници на „Тик-ток“, кои биле зачудени од убавината на јапонските игралишта. Една корисничка дури се сетила на сопственото искуство во парк во Јапонија и напишала: „Уф ми недостигаат парковите во Јапонија! Толку чисти, па дури и тоалетите!“

Еден корисник истакнал: „Во САД треба да платите за да одите во вакви паркови“.

Watch on TikTok

Овој вид парк е совршен пример за тоа што значи за една земја вистински да инвестира во својата младина и да направи семејствата да се чувствуваат згрижени. Многу земји треба да се угледаат на Јапонија.

Автор: Кејти Герити

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top