Иако сите ги сакаме нашите домашни миленичиња, не секогаш треба да им веруваме, особено кога станува збор за децата.
Ова го потврдува и педијатарот Сами. Таа ги предупредува родителите дека слатките, популарни видеа од бебиња и кучиња што ги гледаме на социјалните мрежи се исклучок. Динамиката помеѓу бебињата и кучињата во реалниот живот може да биде многу поопасна.
– Знам дека ги сакате вашите миленици и им верувате, но ако имате деца, не треба – предупредува таа. Кога нејзините деца биле мали, кучињата не им приоѓале, и обратно. Таа признава дека нејзините кучиња никогаш во животот не покажале агресија, но тоа не значи дека нема да покажат во иднина.
– Само велам дека никогаш не можете да бидете премногу внимателни околу кучињата, без оглед на тоа колку ги сакате и колку се нежни – вели таа во видеото.
Watch on TikTok